crna gora

Синоќа во Подгорица поприлично беше напнато – избувнаа жестоки суриди помеѓу полицијата и анти-владините демонстранти кои излегоа на улиците барајќи итно заминување на премиерот, кого го нарекуваат диктатор, Мило Ѓукановиќ.

Протестот започнал мироно, а се насобрале повеќе илјадници ( 5.000-20.000) Демонстрантите повикаа на формирање на преодна влада и организирање на предвремени избори.

Сепак судири започнаа пред зградата на парламентот. Полицијата тврди дека демонстрантите први нив ги нападнале и дека се обиделе да влезат во зградата на парламентот- после што полицијата  започна да користи созлавец и веднаш избувна хаосот.

Напад на полицијата секако имало, на една снимка може да се види една мала група на маскирани демонстранти како полицијата ја напаѓа со камења и молотови коктели.

Според последните медиумски информации, најмалку 40 особи се повредени, на страната на демонстрантите и на страната на полицијата.

Потсетуваме, демонстрантите го обвинуваат премиерот Ѓукановиќ, кој на власт се наоѓа повеќе од две десетлетиа, за корупција и авториратарно владеење. “ Нашата порака до Мило Ѓукановиќ е ова- да одговори на нашите демократски барања, да ја прифати предоната влада и да организира први чесни и искрени избори во Црна Гора“, изјавил Милан Кнежевиќ, еден од највисоките функционери на опозицискиот Демократски фронт.

Меѓутоа, постои уште една работа заради кохга граѓаните сакаат паѓање на Ѓукановиќ- сакаат Црна Гора да се откаже од плановите за скорешно влегување во НАТО сојузот. Сепак тоа е сериозна работа и причина заради кои овие анти-владини протести ќе бидат гледани на еден сосема поинаков начин, отколку поинаку.

Заради тој факт овие протести веќе утринава се прикажуваат на еден одреден начин. Се стекнува впечаток дека станува збор за гневна груша на екстремисти кои синоќа брутално го нападнале полицискиот кордон кој го штити демократскиот поредок на Црна Гора. За да биде тој впечаток што поцелосен се потврдува дека демонстрантите замавнувале со “ српски обележја и знамиња на Русија“.

Тоа е итекако претерано тврдење и неточно тврдење бидејќи со разгледување на видеоснимките од синоќешниот протест јасно е дека демонстрантите во голема мера носеа знамиња на Црна Гора. Меѓутоа, факт е дека зад овие протести стои опозицијата која е составена од про-српски партии ( а некои од нив се унитаристички и тоа не го сокриваат).

Сепак, тоа не би требало да биде причина овие демонстрации се стават во една категорија, иако тоа сеедно така ќе се направи. Би било крајно претенциозно да се тврди дека само Србите во Црна Гора се против влегувањето во НАТО сојузот, меѓутоа ако ги прочитаме утринските медиумски извештаи за настаните во Подгорцица, токму се стекнува таков впешаток. Со други зборови, на сите црногорци кои вчера се затекнале на анти-владините демонстрации им се сугерира дека таму се нашле по грешка или дека таму не им е местото.

Се формира слика и таа одприлика изгледа вака – протестите во Подгорица се нешто што не смееме да го подржиме, тоа е реприза на демонстрациите во Доњецк, Луганск, и Харков. Станува збор за протести зад кои стои рускиот империјализам кој во овој случај настојува со субверзивно дејствување да го сопре НАТО во целосната доминација на Јадранот.

Малку било кој денес сака на демонстрантите да им даде можност дека навистина се легитимни и дека имаат ирекакви причини за да се побунат против власта која не се менувала уште од 90-те години. Да бидеме искрени – да ја нема оваа приказна за НАТО, и да речеме (замислеме)  дека Ѓукановиќ е про-руски политичар, уште денес би се повикувало на собири во знак на подршка на црногорскиот народ во борба против дикататурата и тиранијата. Низ целиот наш регион би владеел ставот дека било доста, дека овој пат Ѓукановиќ мора да си замине, и дека го изгубил целиот легитимитет.

Наместо тоа на демонстрантите ќе гледаме на многу опасна група која би можела секој момент, веројатно со помош на Москва и Белград, да ја подигне својата активност на повисок степен, можеби и дури да тргне во вооружен отпор како во Донбас во Украина.

За жал по народот на Црна Гора, геополитиката во овој ослуќај доаѓа на првото место, а нивните легитимни аспирации сека се многу малку важни. Ни се потврдува дека де е така, меѓутоа во овие околности многу е тешко да се избегне впечатокот дека живееме во блоковски поделби во светот “.Блоковоста“ подалеку ескалира во последните неколку години, особено откако избувна кризата во Украина. Сега на на настаните со некаков автоматизам гледаме како на  блоковско пресложување, како на чекори-потези кои се повлекуваат од големите центри – односно од Вашингтон или од Москва.

Но, кога веќе е така, можеби треба спрема двата центри да се биде коректен и да им се даде признание дека двата се способни да водат асиметрично војување. Ако Вашингтон можел да влијае на ситуацијата во Кијев до таа мера каде е урната про-руската политика, зошто Москва не би можела на ист начин да влијае на ситуацијата во Подгорица?

САД е подалеку искусен играч во однос на ова прашање, ама Русија е добар ученик. Тоа го видовме во последнитенедели во Русија.  Што во стварност претставуваа руските далекуметни кртстаречки ракети испалени од Каспиското езеро на положбите на ИД во Сирија?  Тоа беше вистинско копирање на американската доктрина “ шок и стравопочитување“ ( воена доктрина на брза доминација која се сведува на употреба на голема сила и спектакуларно прикажување на истата таа сила како би се парализирал непријателот на терено иа како би се уништила неговата желба за продолжување на борбата)

Токму во таквите и слични потези забележуваме дека Русија нема да дејствува само дефанзивно. Когачќе почувствува дека под закана се нејзините национални интереси ќе тргне во акција, тоа го видовме на Крим после пучот во Кијев.

Моќеби Русија само од далеку го посматра светот, вклучувајќи ги и настаните во Подгорица, а можеби и не. Таа пасивна Русија била Русија во 2011 година кога САД со НАТО сојузниците ја бомбрадира Либија, а Русија само гледаше. Работата не е само во заминувањето на Гадафи, со него заминаа и големите работи кои Русија ги имала во Либија. Од тогаш Москва започна да размислува поинаку.

Имајќи го тоа во вид, што станува со Подгорица? Имаат ли анти-владини сили навистина подршка од Москва и во која мера? Не би изненадило и да имаат. До пред неколку години таквите тврдења би можеле да се отфрлат како Западна параноја, меѓутоа денес повеќе не е така. За претпоставка е дека Русија сака да возврати на американскиот влијателен удар. Во Сирија тие ќе се обидат да им се одмаздат за Либија, а некаде ќе уследи и возвратен удар за Украина. Тоа не мора да биде Црна Гора, ама може и да биде.

Има ли Русија влијание на ситуацијата во Подгорица? Зависи кого се прашува. Ако се праша опозицијата, нема, меѓутоа ако се праша Мило Ѓукановиќ, има.

Имено пред неколку денови Ѓукановиќ изјави дека верува декаРусија ја подржува опозицијата во Црна Гора бидејќи сакаат да го спречат влегувањето на Црна Гора во НАТО. Има ли некакви конкретни аргументи или докази? Баш и не. Ѓукановиќ во стварност се повикува на изјава на рускио министер за надворепни работи кој порачал “ изгледа дека забрзаниот пат на Црна Гора спрема приклучувањето кон НАТО сојузот ја затвори вратата на алтернативните пристапи“. Понатаму, во друга порака од Москва е изразено жалење заради нападите на црногорската полиција на демонстрантите, притоа сугерирајќи дека на таков начин се спречува слободата на говорот.

Ова беше доволно да Ѓукановиќ, и многу други, Русија да ја гледаат како актер на улиците на Подгорица. “ Нема никакви сомневања, дека и после овие две пораки на руското министерство за надворешни работи, дека руската политика е на страна од организаторите на протестите“, изјавил Мило Ѓукановиќ ова среда.

Според него, Русија не сака да го сопре влегувањето само на Црна Гора, туку и на другите балкански држави. Потсетваме, четири балкански држави не се членки на НАТО: Црна Гора, Србија, Македонија и БиХ. Сите овие се поранешни југословенски републики. Со други зборови, дури две шестини од поранешна СФРЈ влезе во НАТО пактот – Словенија и Хрватска.

“Прекинување на експанзијата на НАТО на БАЛКАНот претставува официјална цел на руската државна политика“, изјавил Ѓукановиќ. Потсетуваме, од САД порачаа дека овој месец на Црна Гора НАТО ќе и врачи покана за влез во НАТО сојузот. Меѓутоа при тоа е кажано дека ЦрноГорските власти мора повеќе да работаат на тоа да црногорската јавност го прифати влезот во НАТО. Ѓукановиќ тоа го свати сериозни па така во делови на земјата изникнале џамбо плакати на која се наоѓа пораката “ Партнерство за безбедна иднина – Црна Гора во НАТО“.

Моќеби Русија не трабло да превзема ништо, туку овие плакати имале силен ефект те ги изведоа луѓето на улица.

Што се однесува пак до Русија, сосема е точно дека таа ќе се противи на било каква експанзија на НАТО во Европа исто како што и НАТО ( во стварност САД е главниот кој управува со НАТО ) се противее на било каква експанзија на руската сфера на интереси. Ова сепак се геополитички ривали и тука нема никакво чудење. Мејданот во Кијево не букна кон креајот на 2013, од “ведро небо“, туку букна во моментот кога тогашниот  претседателот Виктор Јануковиќ одлучил да се ориентира спрема Русија наместо спрема Западот.

Русија сепак тврди дека секоја експанзија на НАТО  претставува “ закана за регионалната и глобална стабилност“.

Овде станува збор за приказна стара четврт век. Имено, можеби вреди да се потсетиме сошто Русија е толку нервозна заради секоја НАТО експанзија. Едната работа е што НАТО воено му се приблиќува на Русија, а другата е сксплициотниот договор дека НАТО нема тоа да го прави. Имено, пред четвр век заврши Студената војна. Непсоредно пред завршувањето, и колапсот на СССР, тогашниот советски лидер Михаил Горбачов постигна договор со САД – договорено е дека Русија ќе дозволи соединување на двете Германии ( Источна Германија беше под нивната , руска свера на влијание), а за возврат НАТО повеќе да не се проширува понатаму.

Западот подоцна, како што и знаме, ја насамари (изигра) и Русија и Горбачов, а НАТО веќе е на границите на Русија, на Балтикот, и сака да влезе во Украина и Грузија.

Тоа е причина заради која новата Студена Војна повторно се буди. Доколку НАТО во 90-те едноставно исчезнеше, бидејќи ја изгуби својата намена за постоење  – одбрана од Русија, , сите ови напнатости денес веројатно немаа да постојат, барем не вакви. Можеби Западот би се здружил со Русија против Кина, можеби тоа би се случило и тоа исто така би било опасно, ама Европа секако би била мирна.

Меѓутоа, недовербата на Западот спрема Русија, како и одбивањето на прифаќање на Русија како равноправен партнер, наголемо не донесе до ситуација во која денес сме. Сега таа ситуација ја чувствуваме насекаде, а секако се чувствува и на улиците во Подгорица. Истата неодамна се чувствуваше и на улиците на Скопје, кога траеа демонстрациите против денешнава власт.

Црногорската опозиција ги отфрла тврдењата дека зад нив стои Русија или Србија. Ама, кој ќе им верува?  Ќе се тврди дека стојат зад нив без оглед дали стојат или не.

Една работа е сигурна, Црна Гора се наоѓа во криза. Малиот човек на улиците на Подгорица ја нема во вид геополитичката агенда – сака подобар живот за себе и своето семејство, ја чувствува неправдата, невработеноста, корупцијата и пропаднатиот економски модел.Меѓутоа во својата борба за подобар живот може да биде вовлечен во една многу опасна ситуација која може да ескалира, а нема по опасна ситуација во денешниот свет да се биде во центарот на вниманието на пресматката помешу две големи сили.

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here