
Анализирајќи ја геополитичката димензија на сириските судири, познатиот американски истраживач и новинар ,William Enghdal, го поставил прашањето: Што ги поврзува Израел, Турција и Катар од една страна, против Асадовата Сирија, Иран, Кина и Русија од друга страна?
Прво што Enghdal истакнува е важноста на природниот гас како енергент на 21.век. Фактот дека природниот гас во однос на останатите фосилни горива е најчист извор на енергија, тој во Европа, особено во Германија, во процесот на производство на струја, започнува да ја менува нуклеарната енергија и термоелектраните на јаглен. Гасните теремоелектрани помалку ја загадуваат околината од оние на јаглен, додека па се сметаат за посигурни од нуклеарните, посебно после катастрофата во Фукушима, после која завладеа бран од протести против нуклеарната енергија. Со оглед дека економската цена на користење на гасот драматично е ниска отколку користење на ветерот и другите алтернативни облици на енергија, гасот набрзина станува сё побаран во Европската унија, како најголем светски пазар во иднина.
Оикритијата на големите гасни полиња во Израел, Катар и Сирија, во комбинација со појавата на Европската Унаија како потенцијален најголем светски потрошувач на природен гас, создаваат дополнителна состојба на затегнатост во регионот, што резултира со сегашната криза во сирија.
Сириската влада преферира односи со Иран и Русија, те со нив исто така тежи кон корпорацијата на новооткриените гасни полиња. Понатамошното зајакнување на односите помеѓу овие држави не му одговара на стратешките интереси на Вашингтон и неговите регионални сојузници. Катар кој располага со огромни финансиски средства активно учествува во финансирање на сириските бунтовници, преку кои тежи да стекне пристап на развојот и експлоатацијата на сириските гасни полиња. Израел пак, веќе започна со проектите на развој на гасните полиња Тамар и Левијатан, па од тие перспективи им одговара моменталната состојба во Сирија која го оневозможува развојот , во иднината на конкурентните галсни полиња.
Понатамошното јакнење на иранското влијание во Сирија, како и зајакнувањето на самата Сирија никако не му одговара на Израел, меѓутоа на Израел не му одговара ниту спротивното сценарио според кое би победиле бунтовниците, а тоа би го зајакнало Муслиманското братство кое тогаш би имало разгранета мрежа на влијание од Египет, Јордан, Турција, Катар и Сирија. На Израел му одговара статусот quo, а тоа е хаос, од тука може да се очекува дека Израел ќе ги подржува двете страни во судирите, само тие да се продолжат. Enghdal, разгледува дека Израел во иднина би можел да се стави во така наречениот руско-сириско-ирачко-ирански гасоводен конзорција, доколку се почувствува премногу загрозен од мрежата која ја шири Муслиманското братство.
Меѓутоа, за да биде ситуацијата уште послеожена, новооткриените гасни полиња во Израел и Сирија не се главна причина за сите овие настани. Главна причина се сепак гасните транспортни рути, т.е пред се проектот на гасоводот Иран-Ирак-Сирија.
Во септември 2011 година , додека операцијата за дестабилизација на Асад била во полн ек, владите на Сирија, Иран, и Ирак потпишале историски договор за изградба на споменатиот гасовод. Потврдено е дека гасоводот ќе чини 10 милијарди американски долари, и дека ќе трбаат три години за неговата изградба. Тој ќе се протега од гасоводното поле Јижен Парс во Персискиот залив, до Дамаск во Сирија, а продолжетокот на Медитеранот, од каде иранскиот и сирискиот гас би се транспортирал кон Европа, би излегувал во сириското пристаниште Тартус каде се наоѓа руската поморска база, а се споменува и Либан.
Овој гасовот веќе е наречен “шиитски“- од шиитски Иран, преку мнозинскио Ирак, до Асадовата Сирија во која шиитите ги држат клучните оски на властите, а тоа значително би го поврзало и зајакнало овој блок, како што и драстично би го зголемило неговото влијание на Европа. Катар се стави наспроти овој проект, па активно настува да го спречи, како и сите останати држави со силното влијание на Муслиманското братство.
Значајна е и самата позиција на гасоводот Јужен Парс, најголемо гасно поле во светот, кое се наоѓа во средиштето на Персискиот залив, те е поделено помеѓу Катар и Иран. Катар во случај да се придружи кон овој гасовод би ја добил можноста својот плин да го извезува по копнен пат, што моментално им го оневозможува Саудиска Арабија која го одбила барањето на Катар да се изгради гасовод преку кој гасот од Катар преку територијата на Саудиска Арабија понатаму би продолжил према Медитеранот. Катар моментално целиос вој гас го извезува преку ЛНГ танкерите, значи по поморски пат, а светскиот ЛНГ пазар се наоѓа во состојба на презаситеност, па Катар не може да го зголеми извозот на сопствениот гас потпирајќи се единствено на употребата на ова технологија.
И покрај сето ова, заради притисокот на Муслиманското братство и САД, Катар наместо соработка со Иран избра конфронтација, а Сирија моментално е нивното главно боиште. Нема да нё зачуди ако знаеме дека во Катар ( Доха), се наоѓа маериканската средишна воена команда за Блискиот исток.
Во ова ситуација, Турција тежи да се наметне како главен енергетски јазол низ која би поминувале нафтоводите и гасоводите кон Европа. Ова не се однесува само на нафтата и гасот од Персискиот залив, туку и на енергентите од Каспискиот регион, па и Русија. Секој цевовод кој ја заобиколкува Турција за неа е непријателски, ова одлично се одразува на примерот за дестабилизација на Сирија, каде Турција заедно со Катар ја игра решавачката улога. Турција и Катар во план го имаат гасоводот Катар-Ирак-Турција-Европа, меѓутоа овој проект значително заостанува зад гасоводот Иран-Ирак-Сирија, па по прашање на неговата реализација не се потпишани никакви договори.
Русија има свој економски интерес во кооперацијата на развојот на сириските гасни полиња, како што веќе е споменато. Што се однесува до гасоводот Иран-Ирак-Сирија, се поставува прашањето на неговата конкурентност на рускиот гасовод Јужен тек. Меѓутоа самиот гасовод Иран-Ирак-Сирија, равен конкурент е на гасоводот Набуко, чија изградба силно ја туркаат САД.
Шиитскиот гасовод дополнително би ја закомплицирало и онака неизвесната судбина на Набуко, што ги пореметило американско-турските планови во Каспискиот регион ( Азербејџан, Туркменистан) и Блискиот Исток ( Ирак). Многу е можно Русите на гасоводот Иран-Ирак-Сирија да гледаат како на алтернатива за Набуко, па од тука и понатаму ќе ја подржуваат Сирија и Иран како би ги спречиле плановите на САД кои заедно со своите регионални сојузници активно работаат против руските интереси.
Ова и онака сложена тема дополнителн о ја комплицира прашањето на идните нафтени рути, како и повторното отварање на старите, како што е на пример нафтоводот Киркук-Банијас кој Ирачката нафта ја транспортирал до сирискиот град Банијас во областа Тартус. Нафтоводот е надвор од функција од американските напади на Ирак во 2003 година.
За очекување е дека прашањето на новите гасоводни и нафтоводни рути да предизвикаат понатамошни затегнувања во регионот. Прашањето на снбдевање со енергија претставува клучно прашање за стабилноста на некоја држава, во овој слулчај прашањето за снабдување на Европа претставува боиште на разни страни кои се борат за профит, поголемо влијание или доминација.
dubai-portal.com.mk








