
Во текот на 1-от самит на муслиманските верски лидери на азиско-пацифичките земји претседателот на Управата за верски работи на Турција Мехмет Гормез ги коментирал плановите на израелската влада за поделба на џамијата Ал-Акса , ако и сё зачестените појави на разни радикални муслимански групации.
“Турција на Ал- Акса не гледа само од страна на историско-културниот аспект, туку и од аспект на идентите на муслиманите“, истакнал Гормез притоа додавајќи дека “ Израел има намера да ја подели Ал-Акса во временска и просторна смисла. Тоа ја претставува црвена линија за сите муслимани кои живеат во регионот и турската Управа за верски прашања тоа не може да го прифати“.
“Гормез силно го критикуваше и односот на евреите спрема прашањето на Ал-Акса и ги пофали напорите на тамошното муслиманско население во заштитата и сочувањето на ова џамија.
“Влегувањето на Израелците во ал-Акса нанесе длабоки рани во срцата на муслиманите“, нагласил Гормез.
“Многу муслимански земји се борат против разни облици на војни, уништувања и радикализам. Главна и основна причина заради тоа е што Израел ја окупира територијата на Ал-Акса“, истакнал Гормез и додал дека Израел е виновник за сите разорнувања, започнувајќи од заливските војни, окупацијата на Ирак, па се до војнава во Сирија. Тој исто така го критикува и ОН, истакнувајќи дека ова организација заборава на милионите муслимани, ставајќи го акцентот само на прашањето поврзано за безбедноста на Израел.
“Уништувањето на Османлиската држава речиси пред сто години, окупацијата на Плестина, поделбата на Ерусалим на источен и западен како и изградбата на Берлинскиот зид“ има карактер на подготовка за оснивање на израелска држава (1948), истакнал Гормез.









