francija saudi

Франција и Саудиска Арабија потпишаа договор во вредност од 10 милијарди евра, изјавил вчера францускиот премиер Мануел Валс, истакнувајќи ги заедничките надворешнополитички ставови кои помогнале да се продлабочат воените и економски врски на двете земји.

Валс претстојува во Саудиска Арабија со делегација на француски бизнисмени и  високи функционери, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Лоран Фабиус и министерот за одбрана Жан -Ив ле Дријан.

Француското Минситесртсво за надворешни работи во соопштението наведува дека една од точките на договорот е и снабдување на Саудиска Арабија со сателити за комуникација и надгледување – Што на Саудијците им е неопходна особено после проширување на регионалното присуство и воените акции во Јемен.

Двете страни потпишале и друг договор вреден 2 милијарди евра, а се однесува на саудиските јавни инсвестиции во француските фондови, како и договор за соработка за воспоставување на поморско истражувачкиот центар и заеднички воени вежби.

Исто така договорена е и средба на двете делегации следниот март во Париз,

Постетата на Саудиска Арабија претставува дел од регионалната турнеја на француската делегација која ги опфаќа Египет и јордан, каде се потпишани догоцори во вредбност од милијарда евра, за купување на француски десантни бродови од типот Мистрал.

Француската делегација, која пристигнала во Саудиска арабија во понедлникот, разговарала со кралот Салман, министерот за внатрешни работи Мухаммед бин-Наџаф и министерот за одбрана Мухаммед бин-Салман, во престолнината Ријад.

Саудиска Арабија, во јуни од Франција купи 23 хеликоптери за Министерството за внатрешни работи, 50 авиони од типот Ербас и два нуклеарни реактори.

Сојузот помеѓу Франција и Саудиска Арабија зајакна во последните неколку години, токму како и сојузот со Египет откога генералот Абдел Фатах ал-Сиси дојде на власт по пат на воен удар, а двете земји оретставуваат значаен и важен пазар за француската воена индустрија.

Според саудиските медиуми, Франција претставува трет најголем инвеститор во Саудиска Арабија, а повеќе од 80 француски фирми кои работаат во Кралството вработуваат околу 11.000 саудиски државјани.

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here