еутимови

Тим на Европската Унија за борба против руската пропаганда денес ќе започни со работа, во настојување да им помогне на “независните“ медиуми, пред се во земјите од Источното партнерство.

Машинеријата на конгломератот “Rassa tudej” претставува најтврд орев на руската страна.

Како најавила портпаролката на Европската комисија Кетрин Реј претходно ова недела, тим составен од претставници на Европските служби за надворешни работи ќе започнат со работа на 1.септември со цел да одговори на масовната руска пропаганда насочена кон домашната и меѓународна јавност.

“Европскиот совет ја нагласил потребата да се одговори на актуелната кампања на дезинформации и ги повика високите претставници  во соработка со земјите членки  и институции на ЕУ, да подготват акционен план за стратешка комуникација. Формирање на комуникационен тим претставува прв чекор во таа насока“, аневдено е во заклучокот од самитот.

Претставници за EurAktiv изјавиле дека тимот ќе ја истражува руската пропаганда и известување на руските медиуми. како што се на пример РТ и Спутник, како и потребите на новинарите во земјите на Источното партнерство ЕУ- Украина, Молдавија, Белорусија, Грузија, Ерменија и Азербеџан.

Тимот ќе им помага на новинарите и медиумите кои имаат сервиси и на руски јазик.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here