На денешната вонредна седница на НАТО пактот повикана од страна на Турција, воената организација му даде “политичка подршка на Турција во борбата против милитантите во Сирија и Ирак“, пренесува Ројтерс. Во исто време милитанти блиски на Западот во Турција тргнаа во офанзива на регуларните сили на Сирија во насока на древниот град Латакија.
Ама, кои поточно се “милитантите“, тоа очигледно му е оставено на Турција, чиј претседател Ердоган сугерирал до НАТО дека има “должност“ да се вклучи во овој судир, и сама да одлучи.
“Стпиме во силна солидарност со нашиот сојузник, Турција“, рекол денес за време на седницата на НАТИ во Брисел геренралниот секретар на организацијата, Јенс Столтенберг.
Ама, дали воопшто Турција посакува вклучување на целиот НАТО сојуз во војна? На ова прашање најдобро одговорил самиот Ердоган после состанокот каде што рекол: “Доколку една НАТО членка биде нападната, сите членки би требале да ја дадат својата подршка на сите можни начини, а Турција е нападната“.
Ердоган овде се повикува на терористички напад кој го изведил ИСИЛ, пред неколку денови на југот на Турција при што беа убиени преку 30 млади луѓе.
На ваквиот напад Турција реагираше со директен удар врз положбите на ИСИЛ во Сирија и Ирак, ама и уште повеќе на сириските и ирачките курди, односно припадниците на организацијата ПКК.
Веднаш после давањето на “одврзани раце“ на Турција на НАТО конгресот во Брисел, милитантите во Сирија покренаа голема офанзива на владините подрачја на северозападот на земјата во намера да ја заземаат територијата на прикрајбреќниот регион кој е од клучна важност за сириските власти, пренесуваат извори.
Сириските воени извори пренесуваат дека станува збор за голем напад и дека целта на милитантите е да се заземе областа позната како Сал ал-Габ која е важна за одбрана на приобалните планини, а станува збор за подрачје каде повеќе живеат Алавити кои традиционално се лојални на претседателот Асад кој и самиот е Алавит.
Милитантите кои напредуваат под колективното мото “ Освојувачка војска“ тврдат дека зазеле една електрана и уште дополнителни 16 локации кои се наоѓале под владина контрола.











