Харис Силајџиќ поставен е за член на канцеларијата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
На Силајџиќ турскиот претседател и службено го именува за свој советник, истакнал вчера Неџат Латиќ, публицист од Сараево и одличен познаватеч на политичките прилики во Турција, пишува Дневни лист.

Тој неколку пати патувал за Анкара и истанбул и бил личен гостин на Ердоган.

-Треба да се напомене дека Силајџиќ бил советник и на поранешниот претседател на Турција Абдулах Ѓул, ама таа услуга била од пријаталески карактер, односно не бил службено на таа положба, додава Латиќ.

Поранешниот професор на фолозофксиот факултет во Сараево Харис Силајџиќ во политика влегол во 90-те од минатиот век и беше најблизок соработник на Алија Изетбеговиќ, претседател на СДА.

Силајџиќ за време на војната во БиХ беше шеф на делегација, полсе војната претседавал со Советот на министри на Бих и беше член на претседателството на БиХ. После излегувањето од партијата СДА ја оснивал Партијата за БиХ и бил нејзин претседател.

Отјако изгубил на изборите за член во претседателството на БиХ во 2010 година, ја напуштил положбата на претседател на партијата и целосно се повлекол од политичкиот живот во БиХ.

Силајѓиќ има силни врски со многу светски политичари и државници, а посебно со богатите арапски лидери и посебно е влијателен во Катар и Кувајт.

– Претседателот на Турција го ангажирал Силајѓиќ за свој советник и тој најмногу ќе работи на зацврстување на односите на Турција со Катар и Кувајт и на зајакнување на пријателските врски помеѓу Турција и САД.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here