Културно хуманитарно друштво (КХД) Октиси од Швајцарија со донација за Месна Самоуправа Подгорци

0
199

Во рамките на своити дејности од делот на хуманитарните активности вчера (01.06.2015) во просториите на Месна Самоуправа Подгорци беше доставена донација од страна на КХД (Културно хуманитарно друштво) – Октиси кое постои и делува во Швајцарија.

Донацијата се состои од 7 графоскопи со комплетна пропратна опрема за нивно функционирање.

Имајќи во предвид дека графоскопот како помагало-направа се користи пред се за презентација одлучивме повеќето односно 6 од графоскопите да им подариме на Основното училиште Гоце Делчев – Подгорци, а еден за потребите на Месната Самоуправа.

Се надеваме дека истите ќе најдат простор и правилно бидат искористувани од занставничкиот кадар, пред се во наставно-образовниот процес на ова установа, како и помогнат во прошируваење и збогатување на знаењето на нашите ученици..

Во ова пригода би сакал да ја искажам благодарноста на Советот на Месната Самоуправа – Подгорци кон ова хуманитарна организација,КХД Октиси од Швајцарија, која на ваков начин ни излезе во пресрет. – ни беше изјавено од страна на претсдателот г-дин Мирсад Реџоски.

Месна Самоуправа- Подгорци

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here