Da li je  ”Oluja odlučnosti” – početak kraja iranske imperije?

Не постои арапско-муслиманска земја во регионалното окпружување каде меѓусебно се преплетуваат надворешните и внатрешните фактори , преклопуваат верските, културните,племенските, цивилизациските и општествените димензии и вредностите ги користат за производство на најлоша мешавина на хаосот и немирите, како што тоа е во Јемен. Јеменскиот народ веќе долго време пати од товарот кој се нарекува природа на геополитичката положба на нивната земја, и тоа подрачје било и сеуште е карактеристично бојно поле за пресметка и поткусурување на големите сили.

Така било од памтивек, дури и пред појавата на исламот. Таквата состојба во Јемен владее уште од времето кога персискиот Киср упатил повик до химјаритскиот крал Саиф ибн Ди Јазани заедно да ги протераар Етиопјаните кои во името на своите господари Византијците, го имаа заземено Јемен, а кое подоцна доведе до окупација на Јемен од страна на Персијците.

Од тогаш Јеменците ги плаќаат смртоносните билатерални даноци. Политичката лојалност на нивните лидери секогаш била поврзана со странските сили, па заради тоа глупоста на химјаритскиот  крал претворила во дипломатско наследство на јеменската политичка елита, а кралот Ди Јазан во тој историски парадокс, станал опејуван во песмите и прераскажуван во народните легенди.

Во широкиот спектар на настани и нивните последици, Хусијската криза претвори многубројни траги и облици на култура и цивилизација во смисла на положба на религија, култура,историја,племенска припадност, како и внатрешните сваќања, политичките,економските,и социјалните позиции, во опасна регионална и меѓународна афера на заговор, во која Хусите станаа камен темелник на големиот Ирански-Персиски проект. Тие станаа отровниот бодеж кои во Иран го држат мулите и со нив командуваат и  тргаат тлото на Јемен, искористувајќиги  сложени прилики и моментално тешката остојба во Јемен.
Јемен претставува совршен пример на повеќе надворешни и внатрешни влијанија на состојбата во државата. Географската положба го става на Јемен во срцето на многу чувсттвителните интереси на светските и регионалните сили. Значи соочен со проектот “интернационализација“ Јемен беше поприште на жестоки внатрешни судири, како арапската и меѓународната поларизација која ја произведе јеменската револуција во 1962 година, за подоцна истата работа повтори во сецесионистичката војна во 1994 година, како и моменталните судири помеѓу легитимната власт и Хусите, кои изгледа во целост ја изгубиле паметта и разбирањето во желбата да му се удоволи на иранската империја и нејзините разорни експанзионистички амбиции.
Слично како и во Ирак, Сирија, Либија и земјите од “Арапскат пролет“ брзите политички настани го сомлеа Јемен на сите животни нивоа: од безбедноста, преку здравството, па се до основните,секојдневни животни потребштини. Ситуацијата стана толку сложена да изгледа нереална, а се заради иранското плеткање, кое просперитетниот Јемен, со помош на Хусите го претвори во поприште на крвава граѓанска војна.
Јеменците денес беспомошно стојат пред корупцијата на лесноумните јеменски политички елити и сојузот на јеменските центри на моќта.Во состојба на сеопшто ограбување на Јемен, иранскиот сојуз себе си се нуди како спасител на Јемен и Јеменците, иако во стварност тој сојуз е причина за сите злосторства кои ги претрпува Јемен.
Кога своевремено Хомеини бил принуден да го прифати прекинувањето на огнот после осум години војна со Ирак, ја изрекол својата историска реченица: “Како да испи чаша со отров“. Зборовите на Хомеини не се само обична метафора со која тој сакал да го изрази својот политички бес, туку тоа било израз на стратешката грижа за Ирак како дел од иранскиот пеоект од дамните времиња. Зради тоа што Ирак е арапско-исламска стратешка бариера против империјалистичките-експанзионистички амбиции кај персиската елита во Техеран, без оглед  на тоа што се има да се каже за грешките на поранешниот басистички режим во Ирак.
Паѓањето  на Багдад во американски раце беше вистински подарок во кој свое учство сез размислување зеде и Иран, пружајќи ја својата рака на помош и подршка на Американците. И после дванаесет години од паѓањето на Багдад, Ирак стана многу повеќе од Ирански сателит, или некој вид на стратешко позадинско(длабинско) подрачје. Ирак стана дел од Иранската империја со која денес се фалат членовите на иранскиот парламент барајќи од својата влада Багдад да го прогласи за главен град на таа империја.
Иран, од паѓањето на Багдад, работи на изградба на ново цсратво или голем Иран и упорен во студиозни чекори маршира од Тхеран до Сана. Тоа е стратешки пат кој бго предводат мислители, политичари и бизнисмени, а кој пред да стигне до Јемен доведе и до паѓање на Сана, помина низ Ирак,Сирија и Либан. Тоа е пат во кој се влоќжува цело богатство и сите расположливи потенцијали.
Така пред да влезат во Сана, Револуционерната иранска гарда од Еритреја го изнајми островот Дахлак заради воена обука на Хусите, од каде по воен пат, со голема леснотија може да се префрлуваат бунтовници и вооружување, заради тоа што оддалеченоста помеѓу тој остров и Сана изнесува само 220 км. Тоа е се што се однесува до военото ниво, а на политичко ниво, Иран успеа “скапо“ на САД да им ги продаде Хусите под изговор на борба против Ал-Каеда и нивниот тероризам.

Иран исо така , ги искористи и се поигра со грешките на луѓето од птеходната гарнитура на власт во Саудиска Арабија, во поглед на решавањето на кризата која настана во текот на “Арапската пролет“, со што улогата на Хусите во Јемен значително порасна. Особено после донесување на долуката во времето на поранешниот саудиски крал Абдулах, за тоа дека протагонистите на народната револуција се стратешки непријател и дека против нив треба да се бори, без огле на тоа со кого би правеле сојуз и какви последици ќе предизвика таквата борба.
Неизбежни резултати на таа политика беше вараварскиот продор на Хусите во Јемен, кои беа опиени од лажните победи и паѓањето на одредени места во нивни раце без испален куршум, а се заради предавството на соборениот претседател Салех и неговите соработници. Дури и тогаш кога Хусите ги преминаа сите црвени линии,  нивниот варваризам наиде на равнодушност, без и било какво предупредување и закани.
На  таа добро е смислена и  непоколеблива стратегија не може да му се спротивстави освен со сопствено оружје. Едноставно заради тоа што острите заби на Хусите неможат да се скршат со меките легалистички декларации, ниту  напорите на Обединетите нации и иницијативата на заливските земји за свикување на конференција на национален дијалог.
Тука е неопходно да се употреби некое друго оружје мимо онаа дипломатското. Едноставо, мора да постои некој кој ќе го принуди на Хамнеи како што своевремено Хомеини бил принуден да ја испие “чашата со отров“. Заради тоа потребна беше операцијата “ Одлучна бура“ на чело со Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија одржува долго и традиционално сојузништво со сунитските и зејдиските племиња во Јемен. Речиси сите Јеменски елити, вклучувајќи ги и оние кои релативно се далеку од курсот на Кралството Саудиска Арабија, на Саудија гледаат како стратешки партнер и искрен пријател чие позитивно влијание на Јемен е познато одамна. Освен тоа, Саудиска Арабија има и најдолга копнена граница со Јемен, вклучувајќи и стотици илјади луѓе кои се родбински поврзани.
Заради тоа Саудиска Арабија не може да ја прифати Иранската присутност во своја близина, посебно во својата стратешка “длабочина“ на југ, каде Иран се обидува да создаде широк обрач кој се протега од режимот на Асад во Сирија, преку шиите во Ирак до Хусите во Јемен. Тоа предизвикува загриженост на официјален Ријад повеќе од колку што било друго.
Тоа е главната причина заради која Саудиска Арабија, посебно после доаѓањето на кралот Селман да ги насочи своите напори во правецот на сузбивање на иранското влијание.

Освен тоа, експанзијата на Хусите представува закана и за трговијата со Саудиската нафта, заради тоа што низ морскиот канал Баб ел-Мандеб минуваат повеќе од 2 милиони барели дневно од Заливот кон Европа и САД. А познато е дека трговијата со нафта представува срце на саудиската економија, и доколку Иран на иран не му се искаже сериозне притисокм, односно не се пристисне и укаже со сила, тоа би можело да ја поткопа способноста на Саудиска Арабија да ја одржи стратешката равнотежа со Иран, како и продолжување на регионалното лидерство (доминација) во Заливот.
Од тука операцијата “ Одлучна Бура“ може да се смета како прв исправен чекор во морето на катастрофални грешки кои доведоа до ова состојба. Од повеќе било потребно Саудиска Арабија de facto да ја преземе водечката улога во ова кампања и ова воена операција. Саудиска Арабија, по прв пат после долго време, успеа да формира сојуз зад кого застанаа сите арапски држави односно арапските народи.
За сега не смее да се задоволи само со ограничување на силите и капацитетите на Хусите, ниту со враќање на легитимната власт во Јемен, ниту пак со присилување на Хусите да седнат на преговарачка маса  и лсични политички цели, туку Саудиска Арабија мора да ја преземе водечката улога ( од историско значење) и спасување на регионот од канџите на иранската хоботница, која на сите страни ги пуштила своите пипци и сака да го проголта целиот регион. Тоа сосема јасно го потврдија и други ирански политичари, како и членови на иранскиот парламент. Али Риза Закани, изјавил: “ Јеменската револуција не е ограничена само на Јеменците, туку таа , после успехот во Јемен че се прошири и на Саудиската територија, а нашите луѓе во источниот дел на Арабија, ќе започнат демонстрации“.
Операцијата “ Ослучна бура“ представува голема шанса која треба да се искористи за задавање на директен удар на иранската експанзија, како и демонтажа на шејтанската мрежа која е исткаена според иранските примероци после паѓањето на Ирак во американските раце. Регионалните и меѓународните реакции после воената операција во Јемен, потврдуваат дека дошло време за повлекување на нови линии во регионот. Дојде моментот на одлука, со ова операција“ одлучна бура“ да се спаси  се што ќе може да се спаси.

Dubai-Portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here