Еден од најистакнатите еврејски рабини, кој живеет на Западниот брег во населбата Ефрат кој е изграден на Палестинска земја, Јоел Бин Нун за десничарскиот весник “ Макор Ришон“ изјавил дека воениот удар кој во Египет го изведе генералот Сиси, соборувајќи го легално одбраниот претседател Мурси, претставува најважно “чудо“ во корист на Израел во последните неколку децении.
Освен тоа, тој во натпис објавен во споменатиот весник уште истакнал: “Генералот Сиси го спреќи претварањето на Египет во непријателска држава спрема Израел. Продолжувањето на владеењето на Мухаммед Мурси би претставувал сериозен извор за зајакнување на Хамас и другите палестински движења на отпор.
Да не се случеше воениот удар на чело со генералот Сиси, Синај би се претворил во арена за далекудострелни ракети кои би го гаѓале срцето на Израел а со тоа би се дуплирале и залихите на Хамас со разорни проектили. “Понатаму додал: “ Во текот на владеењето на Сиси , безбедносната соработка помеѓу Израел и Египет се зголеми на највисоко ниво, посебно во војната против Газа. Сиси му понудил отворена подршка наИзраел во решавањето на проблемот околу Палестинските бегалци и предложил тие да се преселат на Синај.
Тој исто така, ја одриграл и клучната улога во покренување на воја против исламистичките организации на Синај и го сопрел криумчарењето на оружје за палестинските борци во текот на операцијата во Појасот Газа, а да не ја споменувам одлуката на египетското правосудство кое на Хамас ја прогласи за терористичка организација“.










