Najava za rat: Amerika prijeti Iranu vojnim mjerama

ВАШИНГТОН- Соединетите Држави сакаат дипломатско решение за атомскиот проблем со Иран, меѓутоа доколку Техеран не се придржува кон своите обврски, тогаш во опција ќе се појават и различни варијанти на повратни мерки, вклучувајќи вги и воените, изјавил портпаролот на Белата Куќа Џош Ернест.
Ова изјава уследи после објавувањето на отвореното писмо до раководството на Иран кое го потпишале 47 американски сенатори-републиканци. Тие му предочиле на иранскиот државен и воен врв дека договорот кој ќе биде потпишан со нив од страна на актуелниот престедател на САД Барак Обама ќе биде на сила само дотогаш се додека тој биде во Белата куќа. Ниту ден подолго!.
Ернест “отвореното писмо“ го нарекол “партиска политика на републиканците“. Притоа нагласил дека во интерес на САД е проблемот со атомската програма на Иран да се реши по дипломатски пат. Тој исто така додал дека Техеран веќе на меѓународните инспектоти им овозможил пристап до своите атомски објекти.
Таквите инспекции, подвлекол Ернест, ќе бидат “ најдобар начин да се провери дали Иран ги исполнува превземените обврски“.
 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here