На 1-ви и 2-ри март во Измир – Турција се оддржа научен симпозиум на кој се зборуваше за муслиманите од Балканот. По тој повод разговараме со претседателот на Румелија -Торбешки Културно Научен Центар, г-дин Шериф Ајрадиноски кој учествуваше на то научен собир.

 

 Г-дин Демишоски : Пред неколку дена добивте покана за учество на симпозиумот во измир “ИЗПОД/ Здружение на Помаците од Измир”- Турција, како ја добивте оваа покана ? и што представуваше овој симпозиум?

 Г-дин Ајрадиноски :-Не, пред неколку денови, туку пред месец и половина можеби, ми се јави мојот пријател од Охрид, Хаџи Максут еф. Али, поранешен заменик министер во владата на Р. Македонија и мој пријател од кого организаторот барал да му најде некој од Македонија кој може да прозбори за Торбешите во Македонија.

Во меѓувреме кога исконтактиравме со организаторите, се испостави дека тоа здружение е дел на асоцијацијата на здруженија на помаци во Турција каде што јас имам многу блиски пријатели.

Симпозиумот представуваше научен собир со излагања на неколку излагачи од Македонија, Косово, Бугарија и Турција, со панел дискусии по темата.

Г-дин Демишоски : Би сакале да ни кажете кој се учество имаше на овој симпозиум?.

Г-дин Ајрадиноски :На симпозиумот со свои излагања, покрај мене учествуваа и : Бајрам Хоџа ( докторант на универзитетот во Сакарија), др. Садик Идризи од Универзитетот во Призрен – Косово, проф.др. Зејнеб Зафер, шеф на катедра за славистика на универзитетот во Анкара и домаќинот претседателот на здружението ИЗПОД ИЗМИР , Ерџан Чокбанкир.

Интересно е да споменам дека г-дниот Чокбанкир од Измир е внук на познатиот Ахмед Ага Тамрашлијата, основачот на на Тамрашката Република.

Покрај тоа во панел дискусиите учествуваа повеќе дискутанти од Турција и Бугарија и што беше за мене интересно и пријатно имаше гостинка од Полска Ана Задрожна- Кахраман (докторант на еден Универзитет во Истанбул) која се занимава специјално со Торбешкото прашање во Македонија и пошироко. Таа е моја пријателка веќе неколку години со која често контактираме и соработуваме. Исто така присутни беа, представници на политички партии од Турција, професори на разни Универзитети, градоначалникот на општитана и други личиности од јавниот, научниот и политичкиот живот на Измир и Турција, како Анакара, Бурса, Чанак Кале.

Симпозиумот беше следен од голем број на новинари, од Турција и мал дел од Бугарија.

Г-дин Демишоски :На симпозиумот имавте свое обраќање, како изгледаше вашето обраќање пред присутните членови на симпозиумот?

Г-дин Ајрадиноски :Моето излагање за сипмпозиумот го насловив како:” Торбешите во Македонија-Потекло и етимологија на етнонимот Торбеш”.

Се задржав на неколку аспекти за кои лично сметам дека се предмет на контраверзни толкувања не само во јавноста туку и во научните кругови.

Главен акцент ставив на некритичноста и ненаучноста на тезите за наводна присилна исламизација или исламизација од интерес ( наводно менување на вера за торба брашно, кои се верглаат во “научната јавност”-од каде што наводно произлегувало името Торбеши.

Дадов своевидно негирање на таквите тези со аргументи за кои сметам се прифатливи за еден здрав разум. Да не ве замарам со детали оние кои се заинтересирани за оваа проблематика ќе имаа можност да го причитаат интегралниот дел од моето излагање.

Исто така, спомнав и неколку автори кои што корените на Торбешите ги бараат надвор од балканот, но најмногу се задржав на оние автори кои што се на становиште дека Торбешите и другите балкански муслимани ( Бошњаци,Горани и Помаци) се потомци на некогашните Богомили и дека поимот Торбеш е еден од еквивалентите или друго име за Богомилите. Ако е така, а така е , тогаш паѓаат во вода сите тези за наводно насилно или било какво потурчување или исламизација кои историски се појавуваат меѓу 15-от и 18-от век, а поимот Торбеш е неколку векови постар, 10-ти век.

Посочив извадоци на многу научници кои токму го тврдат ова што сега Ви го кажувам.

Како заклучок ги потенцирав политичкиот, економскиот и другите видови на притисоци, како последица на што Торбешите во Македонија се декларираат за се и сешто само не за тоа што се-Торбеши.

Г-дин Демишоски :Каков беше Вашиот впечаток после изнесувањето на Вашето излагање.

Воглавном позитивно, бев пријатно изненаден од неколку прашања кои ми беа поставени. имаше прашања кои што во Македонија малку кој ги поставува и размислува на тие прашања, а некои таму знаат за Торбешите повеќе отколку ние овде. Имав и некои, ајде да ги речам непријатни прашања како, Дали се чувствувам како Торбеш или Помак? На што одговорив дека за мене поимите Бошњак, Помак и Горанин се синоними и означуваат повеќе имиња на народ со еден корен.

Г-дин Демишоски :Ме интересира, дали присутните членови на симпозиумот беа запознати дека во Македонија има Торбеши?

Г-дин Ајрадиноски :Да, токму тоа сакам да Ви кажам. Таму нема да чуете некакво негирање на Торбешите и некој да Ви каже дека Торбешите се нешто друго, како што за жал во Македонија слушаме ступидни (глупави) фрази дека нема Торбеши и дека Торбешите се нешто друго. Не само од другите: Македонците, Албанците  и тн.., туку за жал вакви глупости слушаме од самите Торбеши, кои заради едни или други причини одлучиле да не бидат тоа што се – Торбеши.

Г-дин Демишоски :На еден интернет портал: ( Europomak.com), забележавме дека новинарот Зеленгора цитираше Ваша изјава за лисицата и кокошката. Ќе ни појасните ли за што станува збор?

Г-дин Ајрадиноски :Тоаа не е моја изјава, тоа е изјава на еден германски писател и филозоф Ханс Каспер, која јас често милувам да ја споменувам при разни средби. Споменатата изрека гласи:” Човекот греши кога лисицата ја смета за мудро животно, а притоа припишувајчи и ја глупоста на кокошката како нејзина мудрост. Не е толку итра лисицата колку што е глупава кокошката “.

Знаете, често слушаме од нашите не само Торбешите во Македонија ами и пошироко, Помаците, Гораните,и тн.. дека Албанците се лоши, Македонците се лоши, Србите се лоши, Бугарите се лоши и тн, не асимилират, не не признаваат, не ни ги даваат нашите права итн. Со еден збор вината како да сакаат да ја префрлат на друг, а не да се погледнат себе си и кај себе да го гледаат проблемот.

Значи да го парафразрам Каспер, “не се толку лоши другите колку што сме наивни ние самаите”.Бидејќи ние ги чекаме правата наместо да се бориме за нив, во таа смисла беше моето излагање кое го споменавте, нешто што предизвика и смех но и ставање на прстот на чело, кај сите присутни.

Да напомена дека тоа беше искажано не на официјалниот дел на симпозиумот, туку ден пред тоа на неофицијалната средба на каде што се говореше за проблемите на споменатите заедници.

Г-дин Демишоски :И за крај, дали нешто Ви остана како впечаток надвор од работниот дел ?

Да, секако впечатоците се многу и не заборавни. Знаете на вакви средби освен официјалниот дел се случуваат и многу контакти со познати пријатели, запознавање со нови пријатели и разговори кои понекогаш знаат да бидат поконструктивни и покорисни од тие на официјалниот дел. Од многуте такви би издвојал барем три:

– Запознавањето со г-динот Ерџан Чокбанкир, познат археолог од Измир и како што Ви напоменав на почетоко внук на познатиот Ахмед Ага Тамрашлијата.

Имав посебна чест  за нивниот музеј да му подарам еден скромен подарок. Тоа беше наша Торбешка-женска кошула со ќенар и везана со муниста, што беше со интерес проследено од присутните и од голем број на камери и фотоапарати на новинарите. Таа кошула, ќе биде изложена во нивниот музеј и ќе “зборува” за нашиот богат Торбешки фолклор.

– Вториот мој незаборавен впечаток е  излегувањето  од печат на првиот број на весникот ” Глас на Помаците” кој беше промовиран на денот на симпозиумот. Морам да се пофалам дека, после директорот Мехмед Демир и уредникот Хасан Ујгун бев третиот човек кој во рацете го имаше новиот весник штотуку отпечатен.

Но она од што најмногу бев возбуден при моето патување во Турција се случи во Истанбул. Тоа беше нешто што го имав заниетен уште пред да заминам, имено сакав да клањам џума во Султан Фатих џамија. Таа моја желба ми ја исполни мојот пријател Мехмед Демир и заедно со него таму клањавме џума намаз.

Што е тука интересно и необично. Прво тоа беше џума намаз кој сум го клањал во џемаат од околу 7-8 илјади муслимани. Во животов не паметам таков намаз,а но мојата возбуда беше дотолку поголема што, не знам дали Ви е познато дека своевремено, 30-те години на минатиот век, имам во Фатих џамија бил еден наш човек Торбеш од  Лабуништа. Неговото име е Истреф еф. Ајдиноски во Турција познат како Ештреф Хоџа Ајдинлар. Познат мудерис за кој сеќавањата и дене денес не се избледени. Да бидам докрај искрен и можеби помалку емотивен затоа што тој, несомено наш голем алим, покрај тоа што е наш човек, Торбеш до Лабуништа, со него ме поврзува емоционална родбинска врска. Имено тој е дајо на мојата рахметли нене(мајче) . Значи мој роднина.

Можам слободно да кажам дека тоа беше мојот најголем впечаток надвор од работниот дел од симпозиумот.

Г-дин Демишоски :И уште нешто, сосема за крај. Забележав дека во  Вашата витрина, на посебно место стои една плакета со Ваше име пишувана на Турски јазик. Дали ке ни кажете за каква плакета станува збор?

plaketa

Г-дин Ајрадиноски :Да, ете заборавив да се пофалам и со тоа. Тоа е златна плакета која ми беше доделен мене и на останатите излагачи, како и на извесни луѓе заслужни за осрганизацијата на симпозиумот. А, ни ги врачи претседателот Ерџан Чокбанкир. Секако и тоа спаѓа во убавите впечатоци и еден спомен од овој научен собир.

 

Дубаи Портал – Dubai-Portal.com.mk