Минатата година почитувани браќа муслимани сите ние знаеме што  се случи  за време на Карневалската (Паганска) манифестација во Вевчани и Вевчанци, и сите ние знаеме како помина сето тоа, демек се превзеле некакви си активности во разрешување на овој проблем, ама ич ни малку не се виде некаква си реакција освен протестот во Струга, кој според некого се било претходно договоренo за да се одтргни вниманието на јавноста во оваа наша (не) општина.

За да биде трагедијата и дрскоста и оваа година, уште поголема  некои си неверници (пагани) се обидоа и веќе успеаа да ја прикажат својата култура и верување кон својата верата.

Бидејќи се работи за припадници за христијанска вероисповест, жалосно е тоа што тие всушност не ја почитуваат ниту својата вера, затоа што се надевам и мислам доколку не се лажам дека и Библијата забранува вакви навреди кон други вери и нивните припадници.

Ама, нејсе, оваа ни се случува, и пак ќе продолжи да ни се случува, затоа што во нормална држава каде што постојат закони се знае некој треба да сноси одговорност за ваков безобразлук, ама кај нас како што бидува, таквите се наградуваат.

Се разбира заради не функционирање на законот и ни се случуваат вакви безобразлуци, и ќе продолжат, се додека барем законот не излезе на виделина, а не да лежи само во фиоките на креденецот на државата, а вистинските неверници (пагани) да бидат казнети соодветно како што треба.

Искрено се надевам и дека вистинските Христијански верници се згрозени од ваквиот чин на христијанската омладина, која треба да ја развива оваа нивна вера.

Се разбира дали тоа е во ред или не,” има и нема” луѓе од христијанската вероисповест да излезат јавно и да го изразат своето незадоволство од ваквиот чин па и дури и да се оградат од ваквата нивна омладина. А, не само да гледаат Сител (не) телевизија кој ја деизнформира јавноста со информации дека се повеќе гинат припадници на христијанска вероисповест во светот (ова беше дел од една вест на Сител од претходните вести), па еве сега демек Струшката омладина вака ќе реагира згрозена од сите (не) информации кои им се пласираат преку социјалните мрежи и медиуми.

Прво би ги запрашал тие вандали,пагани и што уште не, еве нека кажат што постигнаа со тоа ? Дали им дојде добро на душата? Дали нивната вера го дозволува ова ?

Вистинскиот верник бе деца, да знаете, без разлика дали е : Муслиман ,Христијанин, Католик и др.. не го прави тоа.

Доколку има некаква си неправдина, постои цивилизиран начин на решавање, а не ваков нецивилизиран.  (ова се однесува на сите ) Со оваа всушност се искажуваат културните вредности на својата вера.. ама како и да е секој не е роден со култура, и секој не е роден да биде во вистинска вера, и секој не ја сака поденднакво својата вера.

А, за веста лиферувана на ТВ Сител пред неколку денови наназад дека се повеќе гинат Христијани низ светот,не знам дали христијани во голема бројка има во : Палестина, Сирија, Египет, Сомалија, Либија, Либан,  идр.. на што мислеше водителот  не се сомневам во неговата намера.

Како и да е дечињата поучени од ваквите  (не) информации , згроезени, од состојбата на Христијаните во  светот  и овие во Струга , своето незадоволство го искажале на ваков не цивилизиран начин.

Се надевам дека оваа наша држава ќе се разбуди и законот го спроведе на таков начин што лицата кои посегнале по верските чувствата на муслиманите соодветно да одговараат, и казнат, за да не ни се случуваат и понатаму вакви работи, а не да се игнорираат, и заташкуваат со медиумски информации и од тоа да остане само еден црн белег на припадник на секоја една вера, затоа што ова всушност е и одраз на тоа што неговиот татко и мајка го советувале додека растело во духот на христијанската или друга вера.

Доколку пак мислат дека го исмеале исламот, тогаш Би ги замоли да го прашаат своето свештено лице дали тоа што го направиле е во ред или не. ( Се разбира тоа да биде свештено лице кое правилно размислува и расудува во духот на христијанската вера), според разумот на нормалниот човек горе фотографираните самите си ја исмеале христијанската вера. (одно не ја почитувале, не знаеле или пак не ја сакале, како што треба)

Покрај тоа (не) очекувам и дека сопстеникот на така наречениот кафиќ, (не би сакал да го споменам), доколку и тој има барем малку верски чувства да и се извини, огради од ваквиот настан, затоа што ова се случи во неговиот дом. А ако несака, тогаш и него како ќе му е пишано.

А, се надевам дека нашите барем и нашите оние вистинските верници дотогаш ќе знаат во кои кафулиња ( иако според исламот се забранети, ама нејсе) нема да влегуваат односно трошат своите пари, за потоа некој вака да ви се заблагодарува и почитува.

Извор на фотографија:

Griffon Caffe – FB Profil.

Текст -Реакција : Админ на Дубаи Портал

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here