Во четврток, 25 декември 2025 година, сo Акшам намаз започнува благословената ноќ Лејлет ал-Регаиб, која муслиманите традиционално ја слават во пресрет на првиот петок во месецот Реџeб.

Во Реџеб, муслиманите слават уште една благословена ноќ – Лејлет ал-Мираџ.

Во благословената ноќ Лејлет ал-Регаиб, која колоквијално се нарекува и Ноќ на желбите, Хазрети Амина почувствувала дека е бремена со својот син Мухамед, нека е мир врз него.

Муслиманите ширум светот ја користат оваа благословена ноќ, како и деновите од избраните месеци Реџеб и Шабан, за доброволни дела на обожавање и благодарност кон Бога за огромното добро со кое пратеникот Мухамед .а.с, нека е мир врз него, бил испратен на сите светови.

Бидејќи молитвата е силна и нераскинлива врска што ги поврзува Создателот и Неговите созданија, Лејлет ал-Регаиб е можност за муслиманите понизно да го побараат Семоќниот водство и благослови за себе, за своите семејства и за сите верници. Со извршување на молитви во овие благословени ноќи, Божјите слуги се потсетуваат на денот кога „богатството и синовите нема да имаат корист, освен оној кој доаѓа кај Аллах со чисто срце, тој ќе биде успешен“. (Еш-Шуара, 89.)

Бејхаки и Асакир, раскажувајќи од Анас, р.а., запишуваат предание дека на почетокот на месецот Раџеб, Пратеникот (мир на него) ја изговорил следната молитва: Allahumme barik lena fi redžebe ve ša’bane, ve belligna ramadan – „О Аллаху, направи ни ги благословени Регаиб и Шабан и дозволи ни да го пречекаме Рамазан“.

Со оваа молитва, Пратеникот, мир на него, директно посочил на изборот и благословот на Регаиб и Шабан бидејќи тие се предвесници на доаѓањето на месецот Рамазан. Генерално, за трите избрани месеци е вообичаено да се каже: „Месецот Регаиб е месец на сеење, месецот Шабан е месец на полевање на посеаното, а месецот Рамазан е месец на жетва“.

Во нашата традиција, трите благословени месеци споменати во молбата на пророкот Мухамед, нека е мирот врз него, се нарекуваат и „учајлук“. Ова име е изведено од турските зборови: „уч“ што значи – три и зборовите – „ајлук“, што значи – месец.

Верувајќи во посебна награда за обожување во текот на овие месеци, особено побожните верници традиционално постат „Учајлука“, демонстрирајќи со овој чин на побожност и покорност кон Бога својата силна вера и надеж дека преку тримесечен пост, воздржување од грев, надминување на импулсите и зголемена самоконтрола, ќе ги постигнат неизмерните благослови на овие месеци.