Ибрахим Траоре го продолжи патот на Томас Санкара, кој беше убиен од Западот затоа што се обиде да се ослободи од паразитите што ја цицаа малата земја Буркина Фасо. Тој ги истера западните војници од земјата, ги презеде рудниците за злато и се бори против терористите финансирани од земјите од Блискиот Исток и Западот.
Додека балканските кретени усташи,четници, комити, балисти,партизани и др.. зборуваат за нови конфликти, делејќи ги луѓето по религија и нација, Африка се буди и станува свесна за својата моќ кога се обединети.
Младиот капетан Ибрахим Траоре не се плаши од Западот и одлучува што е добро за неговиот народ. Тој е верник и муслиман, а на пораката на Саудиска Арабија за финансирање на илјада нови џамии беше одговорено: „Инвестирајте ги парите во нешто покорисно за да можат луѓето да работат – имаме доволно џамии“.
Ви донесуваме говор, кој може да биде, а може и да не биде автентичен, но точно го прикажува профилот на Ибрахим Траоре:
Ова мора да престане. Имаме 54 независни земји во Африка, што значи дека имаме 54 претседатели, 54 влади, 54 знамиња. Се колнам во Алах дека ако се обединиме, нема сила на земјата што може да нè запре – ниту една. За моите африкански браќа и сестри, слободата не е само знаме или национална химна.
Слободата значи градење на сопствени патишта, контролирање на сопствените ресурси, учење на сопствената историја и обликување на сопствената иднина. Предолго време, другите го користеа она што ни припаѓа нам за да се збогатат.









