Иранската амбасада во Русија денеска соопшти дека иранскиот парламент го одобрил договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Русија.

Според документот, страните имаат за цел да ги продлабочат и прошират односите во сите области од заемен интерес, да ја зајакнат соработката во областа на безбедноста и одбраната и тесно да ги координираат активностите на регионално и глобално ниво во рамките на долгорочно, сеопфатно стратешко партнерство.

„Претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф му го испрати одобрениот „Договор за сеопфатно стратешко партнерство со Русија“ на претседателот Масуд Пезешкијан во форма на закон“, објави амбасадата на Телеграм, пренесе РИА Новости.

Иранскиот чуварски совет, специјално тело за надзор што ја разгледува усогласеноста на нацрт-законите со уставот и исламскиот закон, го одобри договорот со Русија откако беше ратификуван од иранскиот парламент.

Договорот беше потпишан на 17 јануари за време на посетата на Пезешкијан на Москва.