По повод мубарек месец Рамазан, една од низата активности на Хуманитарното Здружение “Младина“ од Нова Горица Словенија, представува продолжувањето на традицијата на оддржување на Традиционалниот Рамазански ифтар.
Она што нашата редакција можеше да го забележи, а не изостави беше преубавиот амбиент исполнет со голем број на нашинци кои гравитираат околу Нова Горица, ама и дел на наши сограѓани кои пристигнаа и од другите делови на Италија, Словенија и др..
Се разбира не можеше да се изостави добрата организација на членовите на Хуманитарното Здружение “Младина“ кои и ова година уште еднаш покажаа дека веќе стекнале искуство во организирањето на ваквата свеченост, како од обезбедувањето на соодветен простор, гости, представници на џемаати, имами, храната, и пред се неизбежното послужување на традиционалната алва.
Повеќе и нема што да се пишува, бидејќи ваквите активности заслужуваат повеќе од тоа, а нас ни преостанува преку видеото и фотографиите кои ги забележавме да Ви представиме само дел од она што ја сочинуваше оваа свеченост, и се разбира во име на организаторот да Ве поканиме и наредната година да бидете дел од оваа традиција.
За, крај редакцијата на Дубаи Портал на организаторите на оваа преубава свечност им се заблагодарува на поканата, и укажаната чест и ние да бидеме дел од оваа свеченост како и секоја година, да им посакаме уште поголем број на хуманитарни активности, и ИншАллах да се сретнеме и наредната година со уште поголемо присуство на нашите сограѓани кои живеат надвор од својот роден крај.











