Американската амбасада во Белград упати предупредување до своите граѓани дека во сабота во Белград ќе се одржат големи протести на кои ќе учествуваат стотици илјади граѓани и дека треба да ја избегнуваат областа.

„Во сабота, на 15 март, се очекува да започнат големи протестни акции во Белград, со вкупен број на учесници во стотици илјади, а дел од протестот ќе започне уште во петок, на 14 март.

Може да се прекине и услугата за мобилен телефон. Според изјавите во јавноста, српската влада предупредила на можно насилство. На американските граѓани им се препорачува да ја избегнуваат областа доколку е можно. Во случај да наидете на гужва или насилство, веднаш напуштете ја областа. „Ако не можете да заминете, најдете сигурна локација за засолниште“, предупредија тие.

Тие препорачуваат нивните граѓани да ја избегнуваат областа ако е можно, да ги следат локалните медиуми, да избегнуваат гужви и да останат во затворени простории, да останат тивки и смирени и да ги информираат пријателите и семејството за нивната безбедност.