Експлозиите на руските гасоводи „Северен тек“ беа напад на САД врз Германија и ќе доведат до колапс на НАТО, изјави американскиот новинар Такер Карлсон.
– Тоа беше напад на сили на НАТО врз сојузник, врз друга членка на НАТО. „Тоа беше напад на САД врз Германија“, изјавил Карлсон за време на интервјуто со американскиот новинар Мет Таиби.
Тој додаде дека нападот ја уништил и германската економија.
-Тоа ќе ја уништи Европската унија. На крајот, кога луѓето ќе се разбудат од сон, тоа ќе го уништи и НАТО – смета Карлсон.
Тој исто така рече дека поранешниот државен секретар Антонио Блинкен направил се што е можно во последните два месеци да го забрза почетокот на војната меѓу САД и Русија.









