Хомосексуална двојка, која ја претстави својата заедница како совршено семејство, беше осуденo на 100 години затвор за силување на нивните посвоени момчиња.
Имено, геј пар од Џорџија – Вилијам и Захари Зулок – е осуден за страшна сексуална злоупотреба на две посвоени момчиња. Доживотно ќе остане зад решетки.

Вилијам (34) и Захари (36) Зулок, минатата недела беа осудени на 100 години без можност за условно ослободување, соопшти окружниот обвинител на округот Волтон.

Хомосексуален пар создал куќа на ужаси

„Овие обвинети навистина создадоа куќа на ужаси и ги ставија своите крајно мрачни желби над сè и над сите останати“, изјави окружниот обвинител Ренди Мекгинли, според WSB-TV. Веста ја пренесува Њујорк пост.

„Сепак, длабочината на злобата на обвинетите, која е навистина неограничена, не е поголема од определбата на оние кои се бореа за правда во овој случај. Решеноста што ја видов кај овие две млади жртви во последните две години е навистина инспиративна“, додаде тој.

Момчињата – двајца браќа кои сега имаат 12 и 10 години – биле посвоени од Цулокови од христијанска агенција за деца со посебни потреби. Двојката ги одгледа преправајќи се дека се среќно семејство во богато предградие на Атланта.

Сепак, нивниот наводно совршен живот – Захари работел во банка, а Вилијам бил вработен во владата – криел мрачна тајна.

Ги терале на секс и го снимиле злоставувањето

Парот редовно ги терал момчињата да имаат секс со нив. Тие би го снимале својот чин со цел да направат педофилска порнографија.

Доказите покажаа дека тие дури и се фалеле за злоставувањето пред своите пријатели. Еден од нив ѝ кажал на полицијата дека Захари еднаш испратил порака на Snapchat во која пишувало: „Ќе одам да го тепам мојот син вечерва. Чекај“, заедно со слики од малтретирано момче.

Оваа хомосексуална двојка наводно користела и социјални мрежи за да подведува момчиња на најмалку двајца мажи кои биле дел од локален педофилски секс синџир.

Геј парот беше уапсен во 2022 година, откако наводен член на синџирот беше фатен како презема детска порнографија. Тој им кажал на инспекторите како Зулоковите создавале порнографска содржина со момчиња кои живеат во нивниот дом.

Двајцата Зулок се изјаснија за виновни. Станува збор за обвинувања за тешка злоупотреба на деца, сексуална експлоатација на деца и содомија.