По обилните дождови, некои делови на Саудиска Арабија беа покриени со тенка снежна покривка, јавуваат локалните медиуми.

Метеоролошкиот оддел на Саудиска Арабија предупреди дека има шанси за грмотевици во повеќето области на Ал Џафа во наредните денови, објави Khaleej Times.

Обилните врнежи пропратени со големи количества град од минатата среда зафатија делови од регионот Ал Џафа, а вчера снежните врнежи ги зафатија планинските области.

Навистина, сцени кои ретко се гледаат во овој дел од светот.

(Vijesti.ba)