Захарова им изјави на новинарите дека оние кои сакале да го прикажат Бајден како компетентен само ја влошиле ситуацијата.
Шефот на руската пропаганда ова го изјави откако Бајден имаше уште еден гаф во четвртокот, објавувајќи „претседател Путин“ наместо украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во претходна објава на социјалните мрежи, Захарова на шега го нарече Бајден „проруски кандидат контролиран од Кремљ“, пренесува N1.
Европските лидери го бранеа американскиот претседател по бројните гафови на самитот на НАТО, но медиумите од континентот тоа го протолкуваа како дополнителен доказ дека тој не е подготвен да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори.
Оваа недела Бајден го замени и името на својата потпретседателка Камала Харис со Трамп на прес-конференција чија цел беше токму да ја увери јавноста за менталните способности на претседателот.
Се повеќе демократи го повикуваат Бајден да се откаже од трката за уште еден мандат во Белата куќа. Повиците дојдоа по дебатата со Трамп на 27 јуни, која аналитичарите, медиумите и колегите ја нарекоа лоша за Бајден.
И додека европските лидери кои учествуваа на состанокот беа дипломатски кон американскиот претседател, пофалувајќи ја организацијата на самитот, медиумите како британскиот Дејли Телеграф заклучија дека „Бајден изгледа готов“. Тој, пак, најавува дека не планира да се откаже










