Синоќа во населбата Ореховје кое се наоѓа во непосредна близина на Нова Горица, Република Словенија припадниците од исламската вероисповед, кои живеат и привремено претстојуваат во Република Словенија, како и од деловите на Хрватска,Италија, Германија и Швајцарија во голем број по повод мубарек месец Рамазан, присуствуваа третиот по ред “Традиционален Рамазански Ифтар“.
Како и претходните две години оваа традиционална свеченост како, беше од страна на Хуманитарното здружение “ Младина“ – Нова Горица, а како и претходните две години, поддржано како генерален спонзор од страна на Автопревозникот “ Султан Турс“ д.о.о – Лабуништа, кој истовремено се јавува и како организатор на истата.
Како што знаете, Традиционалниот Рамазански ифтар, ова година го организираме по трет пат по ред, и ми причинува посебна чест и задоволство, што луѓето т.е нашинците се одзваа на нашата покана да присуствуваат и да бидат дел од овој наш заеднички ифтар.
Идејата за организирање на ваква свеченост ни се пројави минаната година, која исто така ни заврши многу успешно. Целта на овој ифтар е онаа главната, средба на сите оние кои гравитираат односно претстојуваат на двор од нашиот риоден крај, а во тоа и успеавме како што гледате бројката на нашите псоетители, односно печалбари константно секоја година се зголемува, а тоа ни дава посебен подтик, ние како Автопревозник и Младина како здружение да продолжиме и понатаму со оваа рамазанска активност, активност која веќе прерасна слободно моќжам да кажам во Традиција.
Покрај тоа, за да ја зачуваме автентичноста, настојувавме ифтарот да ни биде исполнет со нашите традиционални јадења ( татлија, јагнешко.. и др.).
Како што забалежавте оваа година имаме и представници (имами) на џемаати, од Италија. Швајцарија, Словенија, а иншАллах следната година ќе ги имаме во поголема бројка.
Во ова пригода би сакал да им се заблагопдарам на членовите на Хуманитарното Здружение “ Младина“ од Нова Горица, кои на секаков вид несебично се вклучија и вклучуваат во помагање на оваа свеченост, исто какои претходната година,на крај да им се заблагодарам исто така и на сите оние кои изнајдоа време да учествуваат, односно присуствуваат и со сето тоа, збогатат оваа Традиционална ифтарска вечер, ни изјави директорот на “Султан Турс“ г-динот Недим Тафилоски.

















