Улиците на Стариот град во Ал-Кудс/Ерусалим и денеска се празни, а продавниците се затворени пред Џумма, поради ограничувањата што израелската полиција им ги воведе на Палестинците.

Од почетокот на израелската војна во Појасот Газа на 7 октомври, 17 последователни недели израелската полиција воведува строги ограничувања во петок, спречувајќи десетици илјади верници да дојдат во џамијата Ал Акса на молитва.

Во Ал Акса, пред 7 октомври, десетици илјади верници ја извршија петочната молитва, но поради ограничувањата, сега присуствуваат само неколку илјади од нив.

За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано таму имало два еврејски храма.

Комплексот Ал Акса, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Ал-Кудс/Ерусалим, е под израелска окупација и претставува точка на средба на трите најголеми религии во светот.

Израел го окупираше Источен Ал-Кудс/Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, а оваа акција никогаш не беше призната од меѓународната заедница.