Израелската армија во голема мера се повлече и остави зад себе масовно уништување во северозападниот дел на Појасот Газа и градот Газа, а новинарски тим на Анадолија го посети регионот и сними снимки што сведочат за степенот на бруталното уништување на станбените области за време на израелските напади.

На видеата се прикажани населби со стотици целосно или во голема мера уништени куќи, згради и инфраструктура.

Една таква глетка се купиштата урнатини од урнати облакодери во регионот Ал-Макуси околу бегалскиот камп Шати, каде што се наоѓаат и владини институции.

Во тој регион беа опустошени и џамии, како и здравствен центар на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (UNRWA).

Дополнителна закана од здравствена и еколошка природа претставува канализацијата и отпадните води кои течат низ улиците ископани со булдожери со цел уништување на канализационата мрежа.

Град на духови

Локалните жители на Ал-Макуси, кој директно гледа на Медитеранот, ја опишуваат областа како град на духови по повлекувањето на израелската армија.

Зоната „Општа безбедност“, каде што живееле луѓето пред нападот и каде се наоѓаат трговски и забавни центри, е претворена во купишта урнатини.

Израелските војници напишаа хебрејски фрази и зборови на ѕидовите на урнатините, кои сè уште сведочат за бруталноста на израелските напади.

Шок и неверување е она што мештаните го доживуваат кога доаѓаат да ги погледнат своите куќи по повлекувањето на израелската војска.

Локалните жители веруваат дека ќе бидат потребни многу години за да се отстранат урнатините и да се обноват уништените населби.

Сцени како оние од каменото доба

Палестинецот Суфјан ал-Фирани, кој отишол да ја разгледа својата куќа во областа Ал-Мухабарат во северна Газа, ја опиша ситуацијата во неговото соседство како враќање во каменото доба.

– Сè што гледаме околу нас е уништено. Како да сме се вратиле во камено доба. Нашата зграда од шест стана уништена. Некои од моите роднини беа убиени во нападите. Повредени се и моите деца – рече тој.

Наведувајќи дека изгубил надеж дека ќе има знаци на живот во Газа по завршувањето на нападот, Фирани рече дека видеата најдобро ја опишуваат ситуацијата и дека можеби нема ни да ги видиме деновите кога Газа ќе биде обновена.

„Каде беа погодени воените цели?

Тој додаде дека Израел целосно ја уништил инфраструктурата во Појасот Газа и дека улиците се полни со канализација, шут и ѓубре што се заканува на еколошка катастрофа.

-Уништена е и мојата сопствена куќа, куќите на моите соседи и цели населби каде што живеевме како цивили. Па каде се воените цели уништени од израелската армија во овој регион? – рече Фирани.

Невидено уништување

И локалниот жител Јусуф ал-Омери рече дека обемот на уништување што Израел го предизвика во тој регион е незамислив.

– Имавме неописливо чувство кога го видовме ова уништување од невидени размери во историјата. Наидовме на сцени кои умот не можеше да ги замисли – рече тој.

Омери истакна дека жителите од регионот ги очекуваат големи тешкотии поради пропаѓањето на инфраструктурата и уништувањето на водоводните, електричните и санитарните мрежи.

Палестинката Есма Неим изјави дека и нејзиниот дом бил уништен во израелските напади.

– Што правеа со куќите овде? Срам да им е. Која е нашата вина? Овие куќи ги изградивме со нашата пот и крв. Како ќе ги вратиме? – изјавила таа.