Аргентинците излегоа на улиците на Буенос Аирес на покана на најголемиот и највлијателен опозициски синдикат во земјата, пренесува ХРТ.
Националниот генерален штрајк против шокантната економска агенда на новоизбраниот претседател Хавиер Милеа доаѓа само 45 дена откако тој дојде на власт.

 

Наставниците, лекарите, работниците, транспортните работници, државните службеници и вработените во банкарскиот и воздухопловниот сектор протестираат против предложениот закон кој вклучува мерки за дерегулација и намалување на потрошувачката со цел да се реши фискалниот дефицит на третата по големина економија во Латинска Америка. како и проширување на претседателските овластувања и промена на правото на протест.