Две палестински телекомуникациски компании во Појасот Газа, кои Израел ги напаѓа повеќе од три месеци, објавија дека има прекин во комуникациските и интернет услугите во поголемиот дел од Појасот Газа.

– Со жалење соопштуваме дека сите услуги (мобилни, фиксни и интернет) во Појасот Газа се целосно прекинати поради нападот кој е во тек – се вели во соопштението на палестинската телекомуникациска компанија Jawwal.

Друга телекомуникациска компанија, Ooredoo, во соопштение рече дека главните линии што ги снабдуваат телекомуникациските и интернет компаниите постојано се оштетени во израелските напади врз Појасот Газа.

Соопштено е дека сите услуги на компанијата се суспендирани во јужниот и централниот дел на Газа, додека комуникацијата продолжува со прекини во северниот дел.