Стотици слонови мистериозно починале во Боцвана, и е опишано како катастрофа за околината.
Повеќе од 350 слонови умреле од непознати причини, а воздушните фотографии ги покажуваат нивните трупови расфрлани во непосредна близина на реката Окаванго и другите северни делови на земјата.
Првите смртни случаи на слоновите биле регистрирани во мај кога 169 слонови починале за краток временски период во округот на реката Окаванго, мочуришно и бујно живеалиште на дивиот свет.
Тој број речиси двојно се зголеми до средината на јуни, при што 70 проценти од смртните случаи се случуваат околу водотеците.
Владата на Боцвана сè уште не извршила тестови за траги на отрови или патогени, сепак, антракс се отфрла како причина за смртта. Труењето со цијанид претходно го користеле ловокрадците во Зимбабве.
Научниците ја повикаа владата да ги тестира животните што е можно поскоро, за да се отфрлат потенцијално опасните патогени кои би можеле да се пренесат од животни на луѓето.
(Вијести.ба / ФЕНА)











