Дел од новогодишните украси низ ценатарот на Струга претставуваат опасност за граѓаните кои се дојдени да уживаат во новогодишното украсување или новогодишната забава.
Како што пренесуваат граѓаните, но и дел од локалните медиуми, една од металните конструкции која ја означува Новата 2024 година има струја, на која се повредило мало девојче.
– Декорираната #2024 метална конструкција за малку ќе беше фатално за мало девојче од Струга. Таа била удрена од струјата додека се сликала со родителите. Металната конструкција има струја и не е безбедна за граѓаните. Има и видео што го потврдува истото. Полицијата и ЕВН биле на терен и констатирале дека има струја! – се наведува во објава на Фејсбук.

Дополнително за опасноста од осветлувањето поставено во овој наш туристички бисер, пишува и „Voxstruga.mk“, а нивната објава е надополнета и со видео од конструкцијата до која граѓаните допираат мерач за струја.
Полицијата заедно со екипи на ЕВН излегоа на терен и докажаа дека во металната конструкција има електрична струја што ги загрозува животите на граѓаните.
Еве го видеото како потврда дека има струја во металната конструкција.










