Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави во понеделникот дека е длабоко вознемирен од одлуката на Израел да воведе „тотална опсада“ на Појасот Газа, јавува Анадолија.

Гутереш изјави дека најавата на министерот за одбрана Јоав Галант дека Израел ќе ги запре сите испораки на електрична енергија, храна и гориво само ќе ја влоши она што веќе беше страшна хуманитарна ситуација на крајбрежната палестинска територија.

– Хуманитарната ситуација во Газа беше исклучително тешка и пред овие непријателства, сега само ќе се влоши – изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.

– Очајно се потребни медицинска опрема, храна, гориво и други хуманитарни материјали, како и пристап за хуманитарниот персонал – додаде тој.

Шефот на ОН истакна дека последното насилство „не излегува од ведро небо“, туку произлезе од „долгогодишен конфликт и 56-годишна окупација без политичко решение на повидок“.

Шефот на ОН истакна дека последното насилство „не излегува од ведро небо“, туку произлезе од „долгогодишен конфликт и 56-годишна окупација без политичко решение на повидок“.