Македонската православна црква, со поддршка на Исламската заедница, католичката црква во земјава и други верски заедници организираше собир против законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Црквата ги смета законите за сериозна закана за општеството и за семејството.
Собрани сме да кажеме „ДА“ на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), Господин – господин Стефан, на собирот што го организираше.
Македонската црква организираше сенароден собир пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, против законите за родова еднаквост и за матична евиденција.









