„Амбасадорот Ангел Ангелов останува во Софија додека не видиме знаци на промена во Скопје“, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков
Заладувањето на македонско-бугарските односи кулминираше со повлекување на бугарскиот амбасадор од Скопје и најави дека ќе се замрзнат сите проекти со Северна Македонија. Ваквата можност ја најави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, кој беше сослушан на собраниската Комисија за надворешни работи.
Тој порача дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов ќе остане надвор од Северна Македонија се додека Софија не види знаци на промена. Исто така, Бугарија ќе ги прекине сите заеднички меѓудржавни проекти со Република Северна Македонија поради претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид.
Тој појаснува дека Софија нема да ја запре европската интеграција на Скопје, бидејќи „Северна Македонија никогаш и не започнала преговори“.
Повеќе на:dw










