Минатата година високата инфлација, разгорена од растот на цените на храната и енергијата, го испразни џебот на граѓаните. Годинава, институциите предвидуваат забавување на инфлацијата и се прогнозира да достигне 8 – 9 %. Но очекувањата за подобрување на животниот стандард не се воопшто розови.
„Катастрофа“. Тоа е одговорот на скопјанката Сузана Ѓуровска, за тоа какви очекувања има за оваа година, во однос на инфлацијата, високите цени, и воопшто, за животот во ек на економска криза.
Има минимални примања кои ги обезбедува со чистење канцеларии. Вели дека е среќна што има синови кои работат и можат да и помогнат, но свесна е дека тоа не е решение. Забележува дека во целиот свет економската состојба не е добра, ама лошо „како овде, не е!“.
„За овие цени сега што се, треба (платата) да е барем 40.000, па да живееш просечно“, вели таа.
На почетокот на минатата година минималната плата порасна, од 15.200 на 18.000 денари, но инфлацијата во текот на годината ги изеде овие пари. Слична е ситуацијата и со просечната плата , која според последните податоци од Државниот завод за статистика, стигна нешто над 33 илјади денари.
Повеќе на РСЕ










