„Во името на Бога, милостивиот, семилосен…
Четириесет години давав се од себе за да им обезбедам на луѓето домување, болници, училишта и храна. Дури го претворив Бенгази од пустина во обработливо земјиште. Се спротивставив на нападите на каубојот Роналд Реган, кога ја уби мојата посвоена ќерка, додека се обидуваше да ме убие. Им помогнав на нашите браќа и сестри од Африка со пари за Африканската унија. Направив се што можев за да им помогнам на луѓето да го разберат концептот на вистинска демократија, каде што народните одбори ја водеа нашата земја.
Но, се чини дека тоа не беше доволно за некои, дури и за оние кои изградија 10 соби во своите куќи и уживаа во луксузни гардероби и мебел. Никогаш не биле задоволни, биле себични и сакале повеќе. Тие им рекоа на Американците и на другите посетители дека сакаат „демократија“ и „слобода“, не сфаќајќи дека тоа е касапски систем каде што „најголемата риба ги јаде другите“, не сфаќајќи дека во Америка нема бесплатни лекови и здравје, бесплатно сместување, бесплатно образование и бесплатна храна, освен кога луѓето просат или стојат во редици за народните кујни.
Она што го постигнав не беше доволно за некои, но други знаат дека сум син на Гамал Абдел Насер, единствениот вистински арапски и муслимански лидер што го имаме од времето на големиот Саладин, кој го врати Суецкиот канал за својот народ, како Ја вратив Либија за неговиот народ. Се обидував да тргнам по неговите стапки, за мојот народ да се ослободи од колонијалната доминација – од крадците што ни крадеа.
Сега сум нападнат од најголемата воена сила во историјата. Обама сака да ме убие, да ни ја одземе слободата, да ни го одземе бесплатното домување, бесплатната медицинска нега, бесплатното образование и бесплатната храна и да го замени со нечесните работи наречени „капитализам“. Но, сите ние во Третиот свет знаеме што значи тоа – тоа значи дека корпорациите управуваат со земјите, управуваат со светот, а луѓето страдаат. Значи, за мене нема алтернатива, морам да се бранам, и ако сака Господ, да умрам по Неговиот пат, на начинот на кој ја збогати нашата земја со земјоделско земјиште, храна и здравје и ни овозможи да им помогнеме на нашите браќа и сестри од Африка и Арапите.
Не сакам да умрам, но ако тоа е цената да се спаси оваа земја, мојот народ, нашите деца, нека биде така. Овој завет нека биде мојот глас до светот, дека застанав против крстоносните војни, суровоста, предавството на НАТО, застанав против Западот и неговите колонијалистички амбиции и дека стојам до крај на моите африкански и арапски браќа. Додека другите градеа замоци, јас живеев во скромна куќа и шатор. Никогаш не ја заборавив мојата младост во Сирт, не го потрошив нашето национално богатство и како Саладин, нашиот голем муслимански водач кој го спаси Ерусалим за исламот, јас земав многу малку за себе.
На Запад некои ме нарекуваа „луд“, но ја знаат вистината и продолжуваат да лажат. Тие знаат дека нашата земја е независна и слободна, дека не е колонија, дека мојата визија и патот кон мојот народ се јасни и дека до последен здив ќе се борам да ја зачуваме нашата слобода. Семоќниот Бог нека ни помогне да му останеме верни и слободни“.
Извор:World Future Fund










