Како што и претходно најавуваме дека веќе поодамна Основното Учичиште Гоце Делчев-Подгорци се соочува со сериозни проблеми заради кои се доведува во прашање понатамошното одвивање на наставниот процес, односно образованието на учениците од оваа образовна установа, таквите проблеми овој пат доведоа до кулминација и започнување на бојкот на наставата за учениците од 8-мо и 9-то одделение, односно оние кои во својата предмет настава го изучуваат предметот хемија.

Хронолошки гледано според изјавата за нашиов портал од страна на ченови за Советот на родители, донесувањето на ваквата одлука започнува од поднесувањето на отавка на наставничката по хемија ( од лични причини), и од тогаш започнуваа проблемите за кои Општината Струга, воопшто нема слух.

Имено, веднаш по оставкат на наставничката по хемија, до општина Струга уредно беше поднесено барање за согласност за ново вработување на наставник по овој предмет. Од тој ден па до ден денес за жал издржана согласност  (освен празни зборови и ветувања ) за одредување на нов наставник од Општина Струга нема никаков абер.

На родителската средба од наставничкиот кадар бевме известени дека учениците за тромесечие не можат да бидат отценети, а тоа повлекува со себе и нов проблем за тоа кој ќе ги отценува учениците , и внеси успехот по овој предмет во сведителствата, а тоа значи не отценети ученици, нема ниту сведителства.

Да биде проблемот уште поголем, ваквата неодоговорност на Општинските органи ќе предизвика учениците да се соочат со проблемот да не можат и да задоцнуваат со запишување во средните училишта.

На секаков начин се обидувавме да воспоставиме контакт со надлежните на Општина Струга, но за жал од таму како да немаа слух за овој проблем.

Врз основа на сетоа тоа, денес Советот на родители во обид да се спречи понатамошна кулминација и компликување на проблемот поврзан со нашите деца, одлучивме на 11.11.2022 година да  започнеме со бојкот на настава за учениците од 8-мо и 9-то одделение.

Доколку, и во наредните денови продолжи неодоговорноста на надлежните служби при Општина Струга, ќе започнеме со целосен бојкот на наставата, со што ќе бидат опфатени сите одделнија.

Инаку како постетување би сакале да напоменеме дека ова и не е единствен проблем на нашево училиште.

Имено претходно поднесовме барање и за промена на името на училиштетот во ООУ “Подгорци“ од Подгорци, на што за жал никаков одговор, освен по некој празен збор не добивме од Општина Струга.

Целосно стоиме зад ваквата одлука преку која итовремено сакаме да кажеме дека и нема да дозволиме некој да се поигрува со нашите деца.

 

Совет на родители

ООУ “Гоце Делчев“- Подгорци.