Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во среда ќе ја посети Турција на покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Ќе бидат разгледани односите меѓу Анкара и Каракас и ќе се разговара за чекорите што може да се преземат за подобрување на соработката, се вели во соопштението на турската Дирекција за комуникации. Лидерите ќе разменат мислења и за актуелните регионални и глобални прашања.









