Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпиша указ за доделување воен чин „генерал-полковник“ на шефот на Чеченската Република Рамзан Кадиров. Ова го изјави претседателот на Парламентот на Чеченската Република, Магомед Даудов.

“Драги пријатели! Од се срце му честитам на мојот драг брат, поглаварот на Чеченската Република, херојот на Русија, Рамзан Ахматович Кадиров, што му беше доделен воен чин генерал-полковник со указ на претседателот на Русија, врховен командант Владимир Путин! напиша Даудов на својот Телеграм канал.

Тој исто така истакна дека придонесот на Каидров во победата над меѓународниот тероризам во Чеченија и зачувувањето на интегритетот на Русија не може да се прецени. Кадиров претходно изјави дека сите мажи од неговото семејство сега се во Украина и дека учествуваат во руската специјална операција во Украина.