Најпрво би сакале да го искажеме нашето сочувство кон сите оние луѓе,деца родители,без разлика од каде се, од каде доаѓаат и на која вера припаѓаат, и тие имаат право на живот, живот кај кои безумието на војната за нечии цели им го одзема правото на живот кое Господ ни го дал…


Меѓутоа, за жал светот и повеќе не наликува на свет кој треба да биде исполнет со хуманост и човечност, да се помага и да нема поделби на Ваши и Наши, за жал сето тоа повеќе го нема, односно човекот веќе го изгубил чувството за сето тоа.
Сепак, да се вратиме во нашиве средини, тука некаде во нашава си жална Македонија, или уште поблиски во нашиве средини.
Пред два дена, односно на 21 март, во повеќе училишта со низа активности беше обележан светскиот ден на даунов синдром и денот на екологијата. Сето тоа и таквите активности секогаш се за поздравување и добро е кога има луѓе кои се трудат да организираат такви активности.

Меѓутоа, оваа година сѐ беше поинаку, политиката веќе навлезе и во училниците на нашите деца, благодарение на некои кои им ја отворија вратата било да се нивните наставници, директори, па дури и градоначалници и.др.
Во знак на сочувство со народот на Украина, доминантна беше сино-жолтата боја, а не онаа карактеристична за Дауновиот синдром, колаж од сите бои.
И до тука произлегуваат веќе многу прашања и дилеми:
1.Зарем децата и народот кој страда, и чии животи прекинуваат секојдневно, не заслужуваат бои, односно боите на нивното знаме и држава на која припаѓаат?
2.Зарем животите на децата во Палестина, Јемен, Сирија, Либија, и другите земји низ Африка и Азија, не заслужуваат почит, и малку жал и нивните бои да се најдат на вашите рачиња, памфлети и др..?
3.Зарем раководителите на училиштата не си го поставиле еднаш барем тоа прашање, или пак не ги боли за другите, бидејќи нивните деца се на добро…?
4.Зарем верата нѐ подучува на поделби и двојни аршини..?
Е, токму така, денес вистинските наставници, директори, и останати веќе ги заменија своите функции со политичко-послушните активности. Овде тргнувам од училиштетот каде што горе споменатите треба да ги подучуваат-образуваат децата, а не да ги злоупотребуваат за одредени политички, национални па и било какви други цели, заради кои подоцна сите тие сликани покрај фотографиите, со бојадисани рачиња, да бидат доведени во ситуација се срамат што се нашле на такви фотографии,а со тоа и подзаборавиле на некои нивни врсници кои секојдневно гладуваат и им го прекинуваат нивниот живот.
Што ќе им кажат оние кои им рекле како и која боја треба да стои на нивните рачиња, секако тие не треба да се срамат, туку тие кои ги злоупотребиле и тоа на сметка, можеби на своето свесно или несвесно доволно образование, или пак на сметка за интерес да се најде место во општеството, на некоја функција или кариера, за пусте паре, притоа газејќи по гордоста и достоинството на оние кои другите чии животи и како да заслужуваат повеќе и ако да немаат вредност.
Со ова наше кратко видување, не сакаме да омаловажиме било која образовна установа, ниту пак лица кои треба да ги образуваат нашите деца, туку да укажеме на појава која за жал треба да биде настрана од образовниот дом на нашите деца.
Доколку боите на рачињата на нашите деца ученици, хамер-хартиите и останатите памфлети биле случајни, тога се извинуваме од напред, ама оставаме другите , односно секој сам да да си донесе свое видување.










