Нивната насока сугерира дека е можно тие да се движат кон Европа“, изјави портпаролот на јапонското Министерство за одбрана. Запрашан дали е можно тие да се движат кон  Украина, тој изјавил дека е можно, пишува Index.hr. Поморска патрола на јапонските сили за самоодбрана во вторникот најпрво забележа руски бродови, способни да носат десетици тенкови, други воени возила и стотици војници, и ги надгледуваше додека минуваа на запад од Тихиот Океан до Јапонското Море преку тесниот теснец Цуруга што го дели главниот јапонски остров Хоншу од островот Хокаидо. „Невообичаено е руските бродови да минуваат низ теснецот толку блиску до јапонската територија“, изјавил воениот портпарол.