Мостот „Чанаккале 1915“ ќе биде свечено отворен утре од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на одбележувањето на 107-годишнината од извојуваната поморска битка на Чанаккале (Дарданелите) на 18 март 1915 година година.
Со мостот „Чанаккале 1915“ кој поради неговите карактеристики се нарекува „мост на симболите“, се истакнува со деталите во инженерството и со својата должина од 4.608 метри располага со титулата „најдолг мост во светот со среден распон“, патувањето меѓу Европа и Азија ќе се скрати на само 6 минути.
Во главниот кабел на мостот меѓу населените места Лапсеки и Гелиболу во градот (оккругот) Чанаккале и познат како проект на „Најдобрите“, се користени 162.000 километри кабел коишто можат да го обиколат светот 4 пати.
Средниот распон на мостот од 2023 метри ја симболизира 100-годишнината од прогласувањето на Републиката, а неговите челични кули високи 318 метри го симболизираат 18 март 1915 година, датумот кога е извојувана поморската победа на Чанаккале.
Кулите во должина од 334 метри во црвено-бела боја го претставуваат турското знаме, а воедно на проектот му ја придаваат и титулата „висечки мост со највисоки кули во светот“.








