Муслиманите од целиот свет, вечерва ја одбележуваат светата ноќ Лејтул-л-Берат, ноќ на опростот, судбината и желбите.
Ноќ која се смета за предвесник на месецот на постот, Рамазан.
Светата ноќ Берат, односно Лејлетул Берат се совпаѓа со 15-сетата ноќ на вториот месец Шабан.
Според исламското верување „берат“ значи прочистување од гревовите, духовно исчистување и обновување, божјо помилување и добивање милост.
Мубарек Ноќ до Лејлет-Л-берат настапува со Акшам намаз.
Во Куранот, оваа ноќ се споменува во поглавјето Ad-Duhan, во кое Аллах, џ.ш., вели дека тоа е благословена ноќ во која Бог ги одредува сите свои уредби. Лејлету-л-берат значи ослободување, чистење. Аллах. џ.ш, во оваа ноќ многумина ослободува од гревови.
Традиционално, муслиманите оваа мубарек ноќ ја поминуваат во учење на Кур`ан-и-Керим кланајќи нафиле, со зик`р на често споменување на Возвишениот Аллах џ.ш обожаваат нафилот со цикрот – често спомнувајќи и славејќи го Господ, и упатувајќи дови.










