Меѓународната унија на муслимански научници (IUMS), повика на прекин на руската војна во Украина, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Унијата, пренесува „Dubai-Portal“.
Унијата, исто така, повика на „отпочнување сериозен дијалог меѓу двете страни врз основа на соседските врски и заедничките интереси“, се вели во соопштението.
Унијата соопшти дека „го отфрла и го осудува трендот на воена експанзија и немилосрдното тежнеење кон експанзија и воена хегемонија“.
Во меѓувреме, во соопштението се наведува дека Унијата „ќе упати дови и молби за раселените лица и со голема загриженост ја следи состојбата на сите раселени жени, деца и стари лица кои избегале од конфликтот и ги напуштиле своите домови“.
Унијата ги повика сите добротворни организации и хуманитарни и меѓународни тела во исламскиот свет и на други места „да ја забрзаат испораката на хуманитарна храна и здравствена помош за нашите раселени браќа“.
Беше истакнато дека пророкот Мухаммед а.с. рекол: „Никој од вас нема да постигне потполно верување се додека не му пожели и посака на својот брат она што го пожелува и посакува за самиот себе“.
МУМС повтори дека „заштитата и грижата за секоја душа … е милосрдие и е голема награда кај Семоќниот Аллах“. Затоа ги повикуваме здравствените и медицинските организации да ја извршуваат својата должност кон ранетите и болните“.
„Итно ги повикуваме земјите со добри односи на двете страни, како Турција и Пакистан, да направат искрени и сериозни посреднички напори за веднаш да се запре разорната војна.
„IUMS“
„Dubai-Portal“










