Генералното собрание на ОН усвои руска резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот. Против резолуцијата беа само САД и Украина, јавува известувач на Спутник.
За документот насловен „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција поврзани со нив“ гласаа 130 земји, а 49 беа воздржани.
Како што јави дописникот на „МИА“, во резолуцијата се препорачува земјите да преземат соодветни конкретни мерки во законодавната и образовната област со цел да се спречи ревизија на исходот од Втората светска војна и негирање на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени за време на војната.
Авторите на документот остро ги осудуваат инцидентите поврзани со глорификацијата и пропагандата на нацизмот и ги повикуваат државите да ги елиминираат сите форми на расна дискриминација со сите соодветни средства, доколку е потребно, и со закон.
„Dubai-Portal“









