Ги сечат дрвата, ги крадат, а потоа ја палат шумат. На ваков начин крадците, непознати за жителите на с.Грачани со години наназад го уништуваат атарот на селото.

Локалните мештани велат дека лицата доаѓаат и вооружени, а во неколку наврати, како што уверуваат, добивале и закани.

Ќамил Арифи, еден од ретките жители на селото Грачани вели дека штетата која му е предизвикана е многу голема.

Мухарем Јонузи често доаѓа во Грачани за да го посети имотот што му го оставиле предците. Вели дека ги затекнал крадците како вршат дива сеча, додавајќи дека е предизвикана голема штета.

Претседателот на Месната заедница Грачани, Ќенан Незири, вели дека со години ваквите случаи ги пријавуваат во полиција, но никој не презема мерки. Ова село се наоѓа на границата со Косово, но ниту граничната полиција не презема никакви дејствија.

Жителите ги поседуваат сите пријави кои ги доставиле во полиција. Но, од МВР за ТВ21 вели дека немаат добиено никаква пријава во ПС „Ѓорче Петров“ и дека не е утврдено дека има дива сеча на шума.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=KJgoJVyBlp4[/embedyt]


Tv „21“