Во Германија неидентификуван велосипедист се обидел да подметне пожар врз централната џамија во Келн која е во рамките на Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Полицијата на Келн во писменото соопштение истакна дека е започната истрага за нападот на џамијата во областа Еренфелд и дека се бара неидентификуваниот велосипедист.

Исто така, се наведува дека приватното обезбедување кое го забележало инцидентот што се случил утрото околу 4:00 часот, се обидело да разговара со осомничениот, но лицето избегало оставајќи зад себе полна кутија запалив материјал и неколку запалки.

Меѓу другото, во соопштението, се нагласува дека сѐ уште не е јасна заднината на инцидентот, и се додава дека полицијата ги испитувала доказите на местото на настанот, ги оценувала снимките од безбедносните камери и се здобила со информации од сведоците.

Anadolu Agency