Турција, Русија и Иран, утре ќе ја формираат уставотворната комисија за Сирија

0
233

Министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран утре ќе ги соопштат имињата на членовите на уставотворната комисија, кои ќе бидат задолжени за изработка на новиот Устав на Сирија, потврдија за Анадолија дипломатски извори.

Министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран, Мевлут Чавушоглу, Сергеј Лавров и Џавад Заариф утре во Швајцарија ќе одржат состанок со специјалниот претставник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура.

По состанокот на кој ќе претседава де Мистура, ќе биде објавена одлуката за формирање комисија задолжена за изготвување на новиот Закон за Сирија.

Со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации број 2254 предвидено е изработка на нов Устав во рамките на пронаоѓањето на политичко решение за Сирија. Со писердство на Обединетите нации, а потоа со Турција, Иран и Русија, на состанокот одржан во Сочи во јануари 2018 година, конфликтните сириски страни договорија формирање на уставотворната комисија.

Комисијата треба да брои 150 членови, по 50 претставници на сирискиот режим и опозицијата. Преостанатите 50 членови треба да ги избере де Мистра, и тоа меѓу Сиријските интелектуалци и претставниците на невладиниот сектор.

На квадлатералниот самит на Турција, Русија, Германија и Франција, што се одржа во Истанбул на 27-ми октомври оваа година, беше договорено дека формирањето на комисијата ќе биде формирана до 31 декември 2018 година.