Кога станува збор за витамини, сите се од голем значење и секој од нив е задолжен за одредената функција во организмот. Еден од најценетите и нај препорачуваните е витаминот Ц. Првата и најчестата асоцијација која е поврзана со овој витамин е неговото делување на настинката и грипот, но и неговите позитивни влијанија на организмот. Витаминот Ц прв го открил и опишал унгарскиот биохемичар и нобеловец др. Albert Szent-Gyorgyi, кои за ова извонредното откритие 1937 година добил Нобеловата награда за медицина. Овој повеќекратен  користен витамин игра важна улога во многу функции во организмот.

Лековитите својства на витаминот Ц
Витаминот Ц е силен имуно стимулатор и голем сојузник во војната против вирусните и бактериските инфекции. Како силен антиоксиданс способен е да ги неутрализира штетните слободни радикали и така придонесува организмот да се исчисти од токсините и тешките метали. На пример од голема полза е во неутрализацијата на нитрозаминот, потенцијално опасна и канцерогена супстанца која е присутна во сувомеснатите производи. Успешно помага во апсорпцијата на железото од храната. Потребен е за синтеза на колагенот кој е природен протеин и одговорен е за структурата на кожата, мускулите, коските, тетивите и лигаментите. Важен е и во процесот на зацелувањето на раните, затоа што создавањето на колаген е потребен за регенерацијата на оштетената површина на кожата. Придонесува за здравјето на забите, спречува крвавење на десните и појавување на скорбут. Поволно делува на добрите бактерии во нашите црева, а во исто време ги уништува бактериите и вирусите. Истражувањата потврдуваат дека витаминот Ц може да го намали ризикот од неколку видови на рак, како и срцевите заболувања. Со оглед на тоа дека е природен антисептик, значајна е и неговата улога во војната против алергии и болестите на дишните патишта. Во комбинација со фолна киселина и витаминот Б12 го поттикнува производство на црвените крвни зрнца, чија задача е пренесување на кислородот од белите дробови во сите делови на телото.

Најважните функции на витаминот Ц׃

  • Зајакнување на имунитетот
  • Го чува здравјето на срцето и крвните жили
  • Помага во зацелување на раните
  • Го чисти организмот од токсини и тешките метали
  • Помага во војната против астма и алергија
  • Го одржува здравјето на забите и коските
  • Намалува стрес
  • Спречува инфекции на уринарниот тракт
  • Подобрува апсорпција на железото
  • Ги чува очите и видот
  • Регулира хормони
  • Помага во разградбата на холестеролот

„Zdravjeihrana“