Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ продолжува да поставува нови рекорди, а последниот во низата го направи на Мастерсот во Париз надминувајќи го големиот ривал Рожер Федерер.

За српскиот ас победата над Унгарецот Мартон Фучович беше 418 во неговата кариера од првото место, па сега има една повеќе од Швајцарецот.

Далеку зад нив се Џими Конорс со 390 победи, Иван Лендл застана на 366, Пит Сампрас 322, а Рафаел Надал има „само“ 250.

Ѓоковиќ има можност додатно да го подобри рекордот, во третото коло во Париз го чека победникот од францускиот дуел меѓу Гаел Монфис и Адриан Манарино.

Воедно Србинот го држи рекордот и по бројот на недели на АТП врвот и сега се наоѓа во 345 недела, далеку пред Федерер со 35 повеќе.

Sloboden pecat