Поранешниот француски репрезентативец и член на ПСЖ, Жером Ротен упати жестоки критики на адреса на Килијан Мбапе кој не е во најдобра форма во досегашниот тек од Европското првенство.
Според Ротен, Мбапе има преголемо его за едно 22 годишно момче и токму тоа веќе станува проблем за Дидие Дешамп кој му дозволувал се на офанзивниот фудбалер.
Напаѓачот се уште нема постигнато гол на Европското првенство, а неговото его на повидок излегло и при конфликтот кој го имал со далеку поискусниот, Оливие Жиру пред самиот почеток на еврошампионатот.
„Тоа што е лидер на теренот не е проблем….проблем е тоа што неговото его е големо и тоа го користи и надвор од теренот, а тоа мене ме плаши. Мислам Дидие Дешамп веќе не може да го менаџира Мбапе и тоа е проблематично. Дури ме изненадува што му дозволува толку многу работи на Мбапе.“
„Тоа се гледа и со настапите на теренот, денес не можеме да кажеме дека Мбапе има успешно Европско првенство. Очекуваме многу подобар Килијан Мбапе, сите зборуваат дека е меѓу најдобрите фудбаелри во Европа. Но, ако веќе го сместуваме меѓу најдобрите, мора да кажеме дека не сме задоволни од тоа што го прикажува, “заклучи Ротен во интервју за „РМК Спорт“.
„Derbi“










