Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер побара од канцеларката Ангела Меркел да остане на функцијата додека не се формира нова влада, известува Агенција Анадолија (АА).
По првата седница на новиот состав на германскиот парламент по изборите на 26 септември, на церемонијата што се одржа во претседателската палата Белви, Меркел и другите членови на Владата добија уверенија дека мандатот им е официјално завршен.
Во својот говор Штајнмаер заблагодарувајќи и се на Меркел за нејзините тешки 16 години на власт, истакна „Мораме да ви се заблагодариме за изминатите 16 години што ја водевте нашата земја во време и не толку сиромашно со кризи и превирања. Се случија големи кризи; финансиската и економската криза на почетокот на вашиот мандат, кризата со еврото во вашиот втор мандат и големата хуманитарна бегалска и миграциска криза во вашиот трет мандат, и конечно кризата со Ковид-19. Тоа се години кога нашата земја стекна почит и љубов во Европа и во светот.“
Упатувајќи пофалби кон Меркел за нејзината храбра одлука за бегалската криза во 2015 година, Штајнмаер продолжи со зборовите „Но, пред се ја заслуживте довербата на нашите граѓани. Тоа не е лесна задача во земја која беше принудена прво да научи да верува во себе. Би сакал лично да ви се заблагодарам за вашата храброст да преземете одговорност не само за вашата земја, туку и за Европа, во времето кога бегалците од Сирија се засолниле кај нас“.
По изборите во Германија и одржувањето на седницата на Бундестагот и официјално заврши мандатот на канцеларот и на другите сојузни министри, но претседателот на Германија, во согласност со соодветниот член од уставот препорача старата влада да ја извршува функцијата до формирањето на новата влада во земјата.
Anadolu Agency










